РАДИКАЛНИ МЕРКИ: Oд полноќ Словенија го забранува јавниот превоз
Објавено во: Балкан 15 Март, 2020
Oд полноќ Словенија ќе го забрани јавниот превоз, со цел да го спречи ширењето на коронавирусот.
Словенија утре ги затвора градинките, училиштата и факултетите и оваа мерка ќе биде на сила две недели.
„Се затвораат сите кафулиња, нема веќе дружење. Ќе се погрижиме сите да сфатат дека не смееме да загрозуваме други“, изјави министерот за здравство Томаж Гантар.
Владата воведе ограничувања и на таксистите, со што тие ќе смеат да примаат патници само ако претходно извршиле дезинфекција на деловите од возилото со кои корисниците би можеле да дојдат во контакт.
Во Словенија досега има 219 заразени, а вчера е потврден и прв смртен случај.
Министерот вели дека се блиску до она што го гледаат во Италија.На 12 март Словенија прогласи епидемија.
На 10 март ја затворија границата со Италија, и ги повикаа своите граѓани кои се на туристички патувања да се вратат дома.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.