Радиодифузната такса и укината задава главоболки: 50.000 опомени, следуваат блокади
Објавено во: Македонија 10 Април, 2018 06:49
Управата за јавни приходи ќе им ги блокира сметките на близу 50.000 компании или самостојни вршители на дејност за неплатена реадиодифузна такса. На сите нив Управата веќе им пратила опомени, а сите заедно должат речиси 187 милиони денари или над три милиони евра. Засега не се соопштува колкав неплатен долг имаат граѓаните. Сумата, велат од УЈП за Фактор, ќе биде позната откако ќе се изготват опомените и за нив, по што ако не платат и тие ќе се соочат со блокирани сметки. Радиодифузна такса не се плаќа од октомври лани, откако Владата го измени Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Сепак кон даночната управа која ја прибираше оваа такса останаа должници и тие долгот сега ќе мора да го платат. Во спротивно се што се должи ќе се плаќа присилно, со блокада.
Непознат долгот на граѓаните, чекајте опомени
Според информации од УЈП, засега опомените се изготвени само за правните лица односно за фирмите и за самостојните вршители на дејност. Станува збор за точно 48.603 опомени. Сите кон УЈП за радиодифузна такса должат точно 186.883.180 денари или речиси три милиони евра. Ако платиле се спасиле од блокада, но ако не го сторат тоа ќе бидат блокирани.
„Имајќи предвид дека ова се состојби по издадени опомени за кои во меѓувреме даночниот должник – правно лице и самостоен вршител на дејност можеби извршил плаќање на долгот, следниот чекор е постапка на присилна наплата, со доставување на решенија за присилна наплата од парични сретства на должникот а тоа е блокада на сметка на должниците кои не ги намириле долговите по издадената опомена од УЈП“, велат оттаму.
Неколку фирми за Фактор посведочија дека добиле опомени и побрзале да платат, оти ако бидат блокирани трошокот ќе стане уште поголем. Таква „мака“ ќе ги снајде и граѓаните кои не ја исполниле обврската и не си ја платиле таксата. Сепак подобро е ако знаат, тоа да го сторат веднаш оти УЈП сега ги подготвува опомените. Додека не се готови не се соопштува ниту колку е вкупниот долг од нив кон даночната управа.
Им ги враќаат парите
Инаку постојат граѓани и кои платиле превреме па сега УЈП треба да им ги врати парите. Според информации од Управата станува збор за 3409 граѓани кои заедно треба да добијат над 1,7 милиони денари или нешто над 28 илјади евра. Тоа се најверојатно обврзниците кои плаќале за цела година однапред, а радиодифузна такса не требаше да се плаќа за последните три месеци од минатата година, односно за октомври, ноември и декември.
„Доколку даночниот обврзник има основано право на враќање на повеќе или погрешно наплатен данок или споредна даночна давачка која ја управува Управата за јавни приходи, во тој случај Управата за јавни приходи по барање на обврзникот или по службена должност, има обврска да донесе решението за враќање на данокот односно споредната даночна давачка“, велат од Управата за јавни приходи.
Од крајот на февруари дел од граѓаните веќе успеаја да се ги вратат парите.
Александра ТомиќМожеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




