Добивај вести на Viber
Свој продажен салон во Скопје отвори рафинеријата за масло Модрича. Куќата на масло има најмалку 150 производи од висок квалитет и е четврта од ваков тип во регионот.
-Овде има широк асортиман на нашите производи, се фокусиравме на моторните масла за мотори од најновата генерација. Следејќи ги модерните трендови на амбалажата ја промовираме новата амбалажа на нашите производи кои ги задоволуваат највисоките технолошки стандарди, еколошки прифатливи за разлика од старата амбалажа но и заштитени од фалсификување. Туку што отворената Куќа на маслото овде во Скопје ќе биде во функција на промоција на нашите производи и со тоа е ставен печат на оригиналниот производ од рафинерија Модрича, изјави Синиша Пепиќ – заменик директор во Рафинерија Модрича.