Добивај вести на Viber
Фирмата на која царината и ги одзеде одобренијата за увоз и извоз на нафта и нафтени деривати е рафинеријата ОКТА, дознава ФАКТОР, од владини извори. Претходно, Царинската управа извести дека се одземени девет одобренија за поедноставени постапки, откако утврдила дека компанијата сериозно ги прекршила царинските правила и прописи.
Укинати се одобренијата за овластен примач, за локално царинење при увоз, за овластен испраќач и за локално царинење при извоз зашто фирмата не се придржувала кон одредбите од одобренијата и од Царинскиот закон, како и кон Уредбата за спроведување на Царинскиот закон.
Надлежните служби утврдиле дека ОКТА увезувала стока забранета за увоз. Против неа се поднесени кривични пријави за „царинска измама“ и „криумчарење“, а се водат и прекршочни постапки за вкупно 561 записник за царински прекршок.
Според Царинската управа, компанијата скоро цела година работела без потврди за општа гаранција за транзитна постапка и не ги доставувала сите потребни документи веднаш или најдоцна до наредниот работен ден што претставува грубо кршење на царинските прописи.