Рама бара разрешување на сите заменик-градоначалници: Ги гледам истрошени, разочарани, без инспирација
Објавено во: Балкан 11 Јули, 2025 17:31
За време на состанокот со градоначалниците, премиерот на Албанија, Еди Рама побара да се преземат мерки за заменик-градоначалниците на општините во земјата, опишувајќи ги како немотивирани и истрошени во своите должности, пренесвува весникот Илинден.
„Време е сериозно да се преиспитаат управувачките структури. Заменик-градоначалниците, според мене, се многу уморни. Ги гледам истрошени, разочарани, без инспирација и без виталност. И тоа не е лично прашање, туку неопходност да се одржи ритамот и амбицијата живи во работата на општините. Не велам дека се неспособни, но јасно е дека дале она што имале да го дадат. Направете добро што ги заменувате и донесете нови лица, со свежа енергија, кои можат да дадат нов импулс на вашата работа“, вели Рама.
Тој ја нагласи потребата од длабоко освежување на раководните нивоа на општините, не само кај директорите, туку и кај заменик-градоначалниците, кои, според него, повеќе не ги исполнуваат обврските што им се доделени со енергија и ефикасност.Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




