Рама одлучи, оди во посета на Белград!
Објавено во: Балкан 17 Октомври, 2014 17:11
Албанскиот премиер Еди Рама решил да отпатува во Србија како што е планирано, и покрај инцидентот на натпреварот помеѓу двете репрезентации на овие две земји во Белград.
Неодамна беше договорено Рама да отпатува во посета на Белград на 22 октомври.
„Рама потврди дека одлучил да отпатува во Белград. Ставот на албанските власти за оваа посета остануваат исти, и покрај разочарувањето предизвикано од инцидентите и реакцијата на српските претставници. Одлучивме дека таа посета треба да се реализира“, рекол претставникот на албанската влада Нико Пелеши.
Рама неодамна истакна дека ќе отиде во Белград, но дека е разочаран поради неодамнешните инциденти.
„Таа посета е во интерес на нашите две земји, но секако на српска страна е да потврди дека се обврзува и дека е подготвена дека таа добро ќе се одвива“, додал Палеши.
Портпаролот на албанскиот министер за надворешни работи Дервиши рекол дека „Албанија е одлучна да не падне во замката на насилства кои го одбележаа фудбалскиот натпревар, и останува приврзана кон работата за мир, сорабока и дијалог помеѓу земјите од регионот. Натпреварот Србија-Албанија е прекинат во вторникот вечерта бидејќи на теренот се појави беспилотно летало кое носеше знаме на „Голема Албанија“ а потоа, дојде до тепачка помеѓу навивачите на теренот и остри политички реакции и реакции на медиумите.Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни




