22 Септември, 2023
0.0284

Рама: Српската армија на границата со Косово има моќ еднаква на нула

Објавено во: Балкан 31 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Според албанскиот премиер Еди Рама, српската војска нема моќ на границата со Косово. Направи споредба на американска војска на границата на Мексико. 

Рама вели дека српската армија на границата со Косово има моќ еднаква на нула.

„Се фокусирав на она што беше напишано. Српската армија на границата. Ова е најневеројатниот приказ на внатрешната политика, бидејќи српската армија на границата со Косово има моќ еднаква на нула. Исто е како мексиканската војска да се појави на границата со САД. Што може да направи? Со должна почит, бидејќи го сакам Мексико, но она што може да направи е ништо, апсолутно ништо. Тоа е за внатрешна политика“, рече Рама кој присуствува на ГлобСек  форумот кој се одржува во Братислава, Словачка.

Деновиве имаше судири во северно Косово, каде имаше десетици повредени, Срби, но и припадници на КФОР. 

Припадниците на Кфор денес со бодликава жица ја оградија општинската зграда во Звечан на северот на Косово. Како што јавува РТС, околу зградата се собрале и вработените во локалната самоуправа. Србите не ги признаваат градоначалниците Албанци, затоа што мнозинското српско население не ни гласаше на избори, а бараат формирање на Заедница на српски општини и косовските специјалци да се повлечат од северно Косово. Западот ги прозва косовските власти на одговорност за тензиите. 

Вицепремиерот и министер за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ, посети дел од единиците на Војската на Србија вo регионот на Копаоник. 

фото: твитер/принтскрин

Можеби ќе ве интересира

Хрват водел гола жена низ село прикажувајќи ја како прељубничка

Хрват водел гола жена низ село прикажувајќи ја како прељубничка

Зошто Бугарија го протера рускиот свештеник Васијан?

Зошто Бугарија го протера рускиот свештеник Васијан?

Задолжително познавање на бугарскиот јазик ќе биде нов услов за добивање бугарско државјанство

Задолжително познавање на бугарскиот јазик ќе биде нов услов за добивање бугарско државјанство

ДАЛИ ГРЦИТЕ ЌЕ MOЖЕ ДА РАБОТАТ ШЕСТ ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА: Денеска протести против новиот закон за работни односи

ДАЛИ ГРЦИТЕ ЌЕ MOЖЕ ДА РАБОТАТ ШЕСТ ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА: Денеска протести против новиот закон за работни односи

ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧУВА СО СЛУЧАЈОТ „РИБНИКАР“: Две вештачења се клучни, а Коста дивее во болницата, сака да излезе надвор

ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧУВА СО СЛУЧАЈОТ „РИБНИКАР“: Две вештачења се клучни, а Коста дивее во болницата, сака да излезе надвор

ВОЗАЧОТ НА „АВТОБУСОТ НА СМРТТА“ ОД ЦРНА ГОРА ТЕЛЕФОНИРАЛ И БРОЕЛ ПАРИ?! Сослушаните патници дале контрадикторни изјави, тој се пожалил дека изгубил свест!

ВОЗАЧОТ НА „АВТОБУСОТ НА СМРТТА“ ОД ЦРНА ГОРА ТЕЛЕФОНИРАЛ И БРОЕЛ ПАРИ?! Сослушаните патници дале контрадикторни изјави, тој се пожалил дека изгубил свест!

„НИ АМЕРИКАНЦИТЕ, НИ РУСИТЕ НЕМА ДА МИ КАЖАТ ШТО ДА ПРАВАМ“: Вучиќ без пардон на Генералното Собрание на ОН во Њујорк

„НИ АМЕРИКАНЦИТЕ, НИ РУСИТЕ НЕМА ДА МИ КАЖАТ ШТО ДА ПРАВАМ“: Вучиќ без пардон на Генералното Собрание на ОН во Њујорк

ЖРТВИ ИМ БИЛЕ ДЕЦА НА ВОЗРАСТ ОД 3 ДО 14 ГОДИНИ: Во Србија е уапсена група педофили

ЖРТВИ ИМ БИЛЕ ДЕЦА НА ВОЗРАСТ ОД 3 ДО 14 ГОДИНИ: Во Србија е уапсена група педофили

Косовските власти уапсија тројца Срби од Звечан и Северна Митровица

Косовските власти уапсија тројца Срби од Звечан и Северна Митровица