РАМЕН ДАНОК: ВАНЧО УЗУНОВ - ова не е левичарски, нашите луѓе го сметаат данокот за казна, МИЛЕ БОШКОВ - бизнисот ја поздравува владината одлука
Објавено во: Економија 02 Декември, 2022 10:29
Откако Владата вчера реши да го укине прогресивниот данок и да го задржи рамното оданочување, стигнаа и првите реакции на оваа одлука.
Дел од експертите, особено оние со пролевичарска ориентација, критикуваат, додека бизнисот, како и очекувано, ја поздравува владината одлука.
Фактор разговараше со универзитетскиот професор Ванчо Узунов, како и со првиот човек на бизнис конфедерацијата на Македонија, Миле Бошков.
На професорот Ванчо Узунов не му се допаѓа овој развој на настаните, а за него е неприфатлива и владината аргументација.
„Тоа апсолутно е нелевичарска мерка, напротив, тоа е класична десничарска, конзервативна мерка“, вели професорот Узунов, кој нагласува дека ова не е мерка што се применува во ниту една развиена, просперитетна и прогресивна држава, туку е мерка која постои во земјите кои се сметаат за даночни раеви.
Споеред Узунов, за ова не треба да се смета дека само Владата постапила прагматично, туку и општо граѓаните во земјава не сакале да го прифатат прогресивното оданочување.
„Просто е неверојатно колку овој данок не сакаа да го прифатат граѓаните. Значи, не само бизнисмените, туку у воопшто граѓаните интелектуалци, не го сакаат овој данок. Нашите граѓани, за жал, данокот го сметаат како казна“, објаснува професорот.
Околу владините објаснувања дека прогресивното оданочување би требало да се размислува само ако се имаат предвид вкупните семејни приходи, Узунов вели дека Владата ја има моќта тоа да го спроведе, откако би ги направила потребните анализи.
„Рамен данок е феудален данок, Македонија го имала во турско време“, вели Узунов.
Нагласува дека кога државата би им ги зголемила даноците на луѓето, тогаш тие многу помалку ќе и простуваат за пропустите и ќе бараат многу поголема отчетност за трошењето нна државните пари“, вели Узунов.
Миле Бошков, прв човек на бизнис конфедерацијата на Македонија, вели дека бизнисот апсулутно ја поздравува оваа владина одлука.
„Ние како бизнис одамна укажувавме дека македонската економија и стопанство сеуште не се подготвени за прогресивно оданочување. Можеби е добро да има поголема праведност во оданочувањето, но треба да се обезбеди поголема ефикасност на даночниот систем и поголема наплата на даноците од сите“, објаснува Бошков.
Тој нагласува дека сеуште многу луѓе функционираат во сивата зона, па треба да се запрашаме како држава кој е мотивот на многу луѓе да не ги плаќаат даноците.
„Доколку има поголема транспарентност и отчетност во трошењето на државните пари, луѓето ќе бидат помотивирани да плаќаат даноци. Но, ние сме свесни дека во власта има поединци но и цели институции на кои им требаат сериозни реформи во трошењето на парите“, објаснува Бошков.
Тој вели дека бизнисот апсолутнио ја поздравува вчерашната владина одлука.
„Од бизнис апсект, исто така, многу е битно да се обезбеди предвидливост на бизнис заедниоцата околу плаќањето на аданоците, компаниите да можат навреме да направат план за своите трошоци и издатоци за следниот периопд“, вели Бошков.
Бошков е дециден дека власта мора да ги зајакне контролите и инспекцискиот надзор.
„Сега многу луѓе работат во сивата зона, и затоа треба јасно да се знае дека неплаќањето данок е кривично дело, а да се засилат инспекциите во ловењето на неплаќачите, и санкциите за нив“, потенцира Бошков.
Нина Нинеска-Фиданоска
Можеби ќе ве интересира
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети




