Рамуш Харадинај уапсен во Словенија по барање на Србија
Објавено во: Балкан 17 Јуни, 2015 20:11
Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај беше уапсен во словенечката престолнина Љубљана по потерницата издадена од Србија во 2006 година.
Ова го соопшти косовскиот весник „Коха Диторе“.
Харадинај беше уапсен на аеродромот во Љубљана при неговото враќање од службеното патување во Германија, соопштија од централата на партијата „Алијанса за иднината на Косово“ (ААК). Тој е нејзин лидер.
Тој беше изведен пред Меѓународниот трибунал за поранешна Југославија под сомневање за воени и други злосторства, но беше ослободен во 2012 година Во одлуката судот сепак забележал дека судскиот процес „се одржал во атмосфера на заплашување на сведоците“.
На минатогодишните избори ААК го зазеде четвртото место со помалку од 10 проценти од гласовите.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




