16 Мај, 2024
0.0268

RANGE ROVER ГО ПРЕТСТАВИ ЦЕЛОСНО НОВИОТ ЕVOQUE!

Објавено во: Мои пари 23 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

На специјален настан во Лондон, Land Rover официјално ја претстави новата генерација на моделот на Range Rover – Evoque.

Дизајниран да асоцира на поголемиот и супер-луксузен Velar, градскиот премиум SUV Evoque,  постави нови стандарди во овој сегмент и покажа зошто е создаден за градските улици. Новиот Range Rover Evoque е еволуиран и дизајниран да ги задоволи сите потреби за возење на градските улици, но и возење до планински врвови.

Новиот Evoque пристигнува со подобра економичност, модифицирано потпирање, унапредено управување, подобра звучна изолација, поголем комфор, дигитална инструмент табла и уште голем број новитети. Поставувајќи нови стандарди за издржливост и способност, новиот Evoqueнуди одличен спој на беспрекорен дизајн и луксузна технологија која е едноставна за ракување.

Новиот Evoque нуди стандардни 2.0-литарски дизел и бензински турбо-агрегати. Дизелот доаѓа во верзии со 150 и 240 КС, а бензинците со 240 и 300 КС спарено со 9-брзински ZF автоматски менувач.

Како надворешноста така и во внатрешноста, Evoque наликува на поголемиот брат, моделот Velar, а во внатрешноста тоа се акцентира со опционалниот двоен дисплеј на централната конзола. Тука се и целосно новата дигитална контролна табла, седиштата со 16 насоки за прилагодување и јонизаторот на кабината.

Новиот премиум градски SUV сега нуди повеќе место за нозете на патниците на задните седишта, a и капацитетот на багажникот има за 10% поголем волумен од претходниот модел. Во опремата на новиот Evoque се вклучени исто така, стандардна камера за задно гледање, адаптивен круз контрол со асистент на управувањето, систем за задржување на возилото на патот, систем за автономно активирање на сопирачките и многу други.



Со неговата уникатна coupé силуета, Range Rover Evoque е убедлив наследник Range Rover Velar, возилото што ги освои срцата насекаде во светот уште на прв поглед.

Можеби ќе ве интересира

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“