29 Септември, 2024
0.1028

РАНГИРАЊЕ: Најмоќните компании и банки на Балканот!

Објавено во: Анализа 30 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Само една македонска компанија со странски газди се најде на листата најголеми компании во Југоисточна Европа. Новото истражување  на бугарската агенција “Сињус“ ја рангирапе “Џонсон Мети“ меѓу првите 100 компании во ЈИЕ, на 62-то место според големината на приходите. Истражувањето, кои ги зема предвид параметрите за ланската 2013-та, ги рангира компаниите по различни критериуми и сектори.  Меѓу банките,  се најде и големата тројка од Македонија:  Комерцијална Банка, Стопанска банка - Скопје и НЛБ Тутунска. Од македонските компании, „Окта“ е на 103. позиција, „ЕВН Македонија“ е на 105, „Макпетрол“ на 143, ЕЛЕМ на 209, „Фени индустри“ на 266, „Македонски телеком“ на 313, а „Т-Мобиле Македонија“ на 334.место. Првото место на листата го има романската нафтена компанија ОМВ „Петром“ со приход од 4,27 милијарди евра и нето-профит од 1,08 милијарди евра. Кои се најмоќните компании според приходи: Три романски, една бугарска и една словенечка комапнија ја сочинуваат првата петорка на  најмоќни компании во Југоисточна Европа. Еве кои се најголемите компании според обемот на остварениот приход: 1.ОМВ Петром СА – Романија 2. Аутобобиле- Дачија СА – Романија 3. Лукоил – Бургас – Бугарија 4. Петрол д.д – Словенија 5. ОМВ Петром Маркетинг СРЛ – Романија Најголем приход од 4,2 милијарди евра лани прикажала романската компанија ОМВ Петром СА – Романија, зад неа со приход од 4,1 милијарда евра е романската Аутомобиле – Дачија, а на трето место е бугарски Лукоил со приход од 3,9 милијарди евра. Меѓу стоте наголеми компании според приходите се најде една фирма од Македонија под странска доминација. Компанијата “Џонсон Мети“ е рангирана на 62-то место според остварените приходи. Така, истражувањето на бугарската агенција открива дека Џонсон Мети лани прикажал приход од 631 милион евра и во однос на 2012-та година приходите се зголемиле за 28,6%. Меѓу 100-те најголеми, освен Македонија, со една компанија е застапена и Албанија. Останатите земји, како Србија, Хрватска, Бугарија доминираат со повеќе десетици компании. Кои се најпрофитабилните компании: Дали романските компании ја превземаат доминацијата во Југоисточна Европа? Според рангирањето на “Топ 100 “, се чини дека тоа е така. По наслов “Романските компании доминираат меѓу најпрофитабилни фирми - ОМВ Петром зграби злато“, агенцијата од Софија ги објави европските фими со најголеми профити. И тука првите три места се резервирани за романски фирми, четвртото место е за хрватска компанија а повторно, на петтото место е романска фирма. Еве кои се најпрофитабилните фирми: 1.ОМВ Петром СА – Романија 2. Ромгас СА – Романија 3. Хидроелектрика СА – Романија 4. Хрватски телеком – Хрватска 5. Континентал Аутомотив Родукт СРЛ – Романија На оваа листа се рангирани 20 компании од Југоисточна Европа се опфатени, а меѓу нив нема ниту една од Македонија. Кои се најдобрите банки: Две романски, две хрватски и една словенечка банка ја сочинуваат најмоќната банакрска петорка во Југоисточна Европа. Еве кои банки се на врвот од истражувањето 1.Banca Comerciala Romana SA – Романија 2. Zagrebacka Banka d.d – Хрвтаска 3. BRD – Groupe Societe Generale SA – Романија 4. Nova Ljubljanska Banka d.d. – Словенија 5. Privredna Banka Zagreb d.d- Хрватска Дел од овие банки, преку нивните бази веќе се присутни и во Македонија, но рангирањето поединечно ги анализира банкарските групации според вкупниот капитал и остварениот профит. На оваа листа се најдоа и трите водечки банки во земјава. Така, на 54 то место е рангирана Комерцијална банка, на 57-то е Стопанска банка а на 69-то е НЛБ Тутунска. Според податоците од рангирањето, лани најголем пораст на профитот и на капиталот прикажала Стопанска Банка. Според вредноста на депозитите, најмногу пари или 10,7 милиајрди евра чува романската “Банка Комерцијала – Романија“, а зад неа со депозити од 9,9 милијарди евра е “Загребачка банка“.Меѓу 20 те банки со “најдебели“ депозитини бази нема ниту една од Македонија, Албанија и Босна и Херцеговина. Д.А.