Рапиден раст на бројот на боледувања во Македонија, Фондот исплаќа се повеќе пари
Објавено во: Економија 09 Јуни, 2020
Безмалку два милиони евра повеќе биле исплатени за една година од Фондот за здравствено осигурување за боледувања на работниците поради отсуство од работа во Македонија. Низ минатата година од ФЗОРСМ биле издвоени 868,3 милиони денари за работниците на боледување.
Разликата во бројот на боледувања е огромна во однос на 2018. Ако тогаш биле 23.646 на број, лани биле 28.274. Иако трендот на зголемување е од година за година, во 2019 за прв пат се забележува толкав пораст, иако разликите не се мали ниту во 2017 и 2016 со 21.971 и 17.869.
Исплатата на ова право на надоместок е во постојан пораст секоја година со тоа што бројот на издадени боледувања постојано се зголемува, а голема разлика особено се забележува во 2019 кога плусот во однос на 2018 е 111 милиони денари. Така, во 2015 издвоената сума изнесувала 498 милиони денари, за во 2018 да достигне 756,6 милиони.
„Во 2019 година зголемен е износот што од страна на ФЗОРСМ е исплатен за оваа намена, што во
голем дел се должи на се понавремената исплата на боледувањата како и на зголемениот број
боледувања во 2019 година. Расходите за боледувања во 2019 година бележат зголемување од 15 отсто или
за околу 111 милиони денари.“, објаснуваат од фондот.
На ниво на држава, на секои 1.000 вработени осигуреници, 47 користеле право на
боледување на товар на ФЗОРСМ, што во споредба со 2018 година кога коефициентот изнесувал 38
претставува зголемување за 9 поени. Најмногу биле користени во вардарскиот регион со 65 корисници на 1.000 работници.
Кај нега на член се забележува зголемување од околу
25 отсто и бројката изнесува 9.206 надоместоци од фондот, додека кај заболувањата се забележува зголемување од 16 проценти со 18.082 надоместоци.
Висината на надоместокот изнесува 70 отсто од платата, а исклучоци каде што висината на надоместокот е 100 отсто од платата се случаите на повреда
на работа, професионална болест, периодот на дарување крв, ткиво или орган. Првите 30 дена го исплаќа работодавачот, а над 30 дена е на товар на
фондот.
А.К.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.