29 Септември, 2024
0.0267

Рашковски во офанзива: За лажните обвинувања на некои политички чинители ќе пресуди судот

Објавено во: Македонија 06 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Драги Рашковски, генералниот секретар на Владата, по вториот прислушкуван разговор што беше објавен против него синоќа, најави судска разврска. По второбјавената аудио-снимката, опозицијата тврди дека тој не смеел да контактира со операторот „Леонардо“ пред да го добие тендерот за безбедносниот систем на Македонска навигација. Дополнително, Рашковски уште еднаш потсети дека долгата нереализација на оваа јавна набавка претставувала голем ризик за патниците во македонскиот воздушен простор и најави судска пресметка со свиркачот Климент Чепуњовски, кој во овој случај е снимателот на разговорите.

- Пред фактите и боговите молчат. Не постојат две посебни неба на кои пловиме. Само едно. Безбедноста е подеднакво битна за сите нас.  Доколку во моментот на инцидентот имало резервен систем кој требало да се набави уште во 2015 година, ризикот од несреќа ќе бил минимален. Некој се обидува грижата за граѓаните да ја покаже како незаконско работење. Граѓаните не’ избрале за да водиме грижа за нив. За лажните обвинувања на некои политички чинители ќе пресуди судот. Во извештајот на М-Нав од 18.03.2019. до владата стои: „Од страна на претседателот на УО, Николче Тасески беше свикан итен состанок на кој се утврди дека Климент Чепуњоски испратил нестручни лица без дозвола да го набљудуваат процесот на надградба на радарот.”, објави Рашковски на Фејсбук.

Истовремено за телевизија Телма наведе дека нема коментар за случајот со второбјавената аудио-снимка и ги повика истражните органи да работат на случајот.

Премиерот Зоран Заев денеска од Штип рече дека првин сака да ги види аргументите и снимките, пред да донесе заклучок за случајот .

„Ако погрешил има закони пред кој треба да се одговара, но има и етички граници до каде може да се оди против некого“, рече Заев.


Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“