19 Декември, 2025
0.0566

Расипаниот Индиски капитализам

Објавено во: Свет 04 Февруари, 2013 09:20

Добивај вести на Viber

Една од главните теми кои се отворија во САД во периодот на големата криза на капитализмот е нееднаквоста. Една од главните дебати која се води во САД е и даночењето на богатите. Сите зборуваат дека еден процент од населението го држи богаството на скоро целото население. Светот е во потрага на алтернативен модел кој сеуште не е најде и кој засега фукционира изолирано можеби само во Скандинавските земји. Сепак доколку ја погледнеме нееднаквоста на распределба на богаството ќе видиме дека во Индија во на пример ситуацијата на ова поле е значително полоша. Додека очите на светот се завртени кон нееднаквоста на она што се случува во САД брзорастечките економии креираат исто така огромни нееднаквости. Еве типичен пример за оваа математика: Богаството на милијардерите во Индија опфаќа огромни 31% од целиот БДП на земјата. За споредна земјата која е најобвинувана за нееднаквост САД има процент од 12%. Капитализмот во Индија се споредува со она што се случувало во САД во 19 век. Што значи ова? Неколку големи конгломерати контролираат голем број на лукративни сектори како пример телекомуникациите, руда (значи голем дел на природни богаства на Индија) и останати други профитабилни сектори. Ова им овозможува на богатите луѓе благодарение на врските со власта да стануваат се побогати и тоа секако на нелегален или полулегален начин. Ова не значи дека треба да престане да се води борба против нееднаквоста, но сепак треба да биде знак дека благодарение на подоброто владеење на правото веројатно луѓето на западот добиваат повеќе шанса од она што во моментов го добиваат просечните жители на Индија. Можеби на сликата не ви изгледа како нешто посебно, но оваа зграда чини помеѓу 1 и 2 милијарди долари и му припаѓа на најбогатиот Индиец, Мукеш Амбани кој инаку поседува богатство од 23 милијарди долари. Во оваа куќа инаку работат 600 луѓе (толку се потребни за нејзинито тековно одржување). Исто така таа може да издржи земјотрес од околу 8 степени. Веројатно ако некогаш дојде до силен земјотрес ќе биде една од ретките кои ќе остане да стои. Ратан Тата исто така еден од најбогатите Индијци изјави дека е згрозен од начинот на кој се покажува богаството во една толку сиромашна земја како Индија. Според него ова е доказ за немање ни најмала трошка за емпатија кон сиромашните. Во Индија сега се води (колку што е тоа можно) кампања за намалување на влијанието на овие олигарси кои се богатат на сметка на она што треба да биде државно. Имајќи во предвид колкаво богаство имаат овие луѓе, досега во оваа битка е успеано богатите само да станат малку повеќе социјално одговорни. И оваа приказна покажува дека веројатно е најдобро да си богат во сиромашна држава. Тогаш си заштитен од се. Редакција Фактор  

Можеби ќе ве интересира

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците