28 Септември, 2024
0.0322

РАСПРОДАЖБА: Што ù се случува на Србија?

Објавено во: Анализа 03 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Големи компaнии, со илјадници вработени, некои со добивки, други со загуби. Новата Влада на Србија ја скрои листата на фирми што ќе бидат дел од операцијата “приватизација“. Ќе се продаваат телекомуникациски и енергетски компании, аеродром, железница, лотарија. Потенцијалните инвеститори се бараат во Европа, но интерес има и од истокот, од Обединетите Арапски Емирати.
“Ако државата не располага со кадровски, системски и други препоставки за ефикасно да управува со државниот имот, тогаш воведувањето на приватниот сектор е подобро решение отколку монополското управување од страна на државата“, изјави новиот министер за економија на Србија, најавувајќи ја операцијата за приватизација што допрва почнува, и тоа со големите државни фирми и капацитети.
Еве што се ќе се продава и по која цена : „Телеком Србија“, важи за една од најатрактивните компании од чија продажба се очекува и најголем прилив за државата. Српски “Б92“ анализира дека последниот обид за продажба бил во 2011-та година, со понуда од 1 милијарда и 400 милиони евра. Но најдобрата понуда според српските медиуми била од “Телеком Австрија“ кој бил подготвен да плати 1,1 милијарда евра. Новата Влада на Србија, според одредени информации за “Златната кокошка“ ќе побара 2 милијарди долари. Како можни идни газди се пикираат “Дојче Телеком“ и инвестициските фондови од арапските земји. Во “Телеком Србија “ работата нешто повеќе од 9 000 луѓе. “ЕПС – Електростопанство на Србија“, се смета за “највредното парче од српската економија што сеуште е во сопственост на државата“. Минатата година ЕПС прикажа добивка од 20 милијарди динари. Сепак, и покрај позитивното салдо се смета дека компанијата е во лоша ликвидносна и одржлива состојба. Ова компанија, според српската Влада нема да оди целосно на продажба, имено се смета дека најдобра би била опцијата за влез на партнер, но доминацијата во сопственоста да остане под државна капа. Според првичниот план, партнерот би бил задолжен за избор на поголемиот дел од менаџментот. “За ваков сопственичко-партнерски однос била заинтересирана една од најголемите светски фирми во енергретската индустрија“ – пишува “Новости“. Клучната цел на потрагата по стратешки партнер се идните инвестиции во енергетски проекти. “Целта е модернизација на компанијата, односно ЕПС да стана што поефикасна и поуспешна. Ниту една сериозна енергетска компанија нема да прифати да биде стратешки партнер на вака организираната ЕПС и ако не се промени сегашниот начин на управување и не се отстранат сите нерационалности, никој нема да покаже интерес за докапитализација или каков и да било друг вид на партнерство“ – соопштиле од ЕПС. Во српското Електростопанство се вработени 33.000 луѓе. “Железница – Србије“, компaнија во државна сопственост што медиумите ја нарекуваат “Традиционален губитник“. Според проценките на новата српска Влада оваа компанија би престанала да генерира долгови доколку се отстранат несуштинските делови од неа, а дел и да се приватизираат. Шпедитерските услуги во иднина целосно би ги превземала приватна фирма која на железниците би им плаќала надомест за користење на железницата и другата инфраструктура. Во “Железница – Србије“ работат 20.208 луѓе. “Дунав осигурување“ - водечка комапнија во осигурителниот бизнис во Србија. Минатата година оваа осигурителна куќа прикажа добивка од 16 милиони динари. Според пишувањето на “Новости“, приватизацијата би требала да почне во првата половина од оваа година. Претходно, за преземање на “Дунав осигурување“ интерес пријавила германската компанија “Алијанс“, а се споменувала и продажба на Европската Банка за обнова и развој преку досега познатиот принцип за делумна сопственост. Во оваа осигурителна компанија се вработени скоро 3.000 луѓе. Она на што упатуваат економистите во Србија е зголемувањето на ефинкасноста на државните фирми за да се избегне нивната продажба по ниска цена.
„Можеби многумина нема да се сложат со продажбата на јавните претпријатија и фирми, но ако една влада не се чуствува способна да управува со државниот капитал и ако една влада има чувство дека е подобро странски менаџери да управуваат со нашите фирми, па зарем не е подобро да ги продаде на странци отколку на лош начин сама да ги менаџира“ – изјави за “Новости“ универзитетскиот професор Даниел Цветичанин.
На листата за приватизација се наоѓаат и компании од други сектори, така се бара концесионер за српскиот аеродром „Никола Тесла“, компанија со 453 вработени и загуба од 151 милион динари, потоа тука е и “Србијагас“, фирма под државна сопственост со скоро 3.200 вработени и загуба од 37,4 милиони динари. Според планот на српската Влада на листата е и “Лотарија на Србија“, државна фирма со 236 вработени и добивка 151 милијарда динари. Д.А.