Раст на индустриското производство во март
Објавено во: Економија 29 Април, 2013 18:03
Во месец март индустриското производство бележи раст од 4,2 проценти, споредено со истиот месец лани. Како што објави денеска Државниот завод за статистика, во секторот Рударство и вадење на камен растот е 8,2 проценти, во Преработувачката индустрија 0,9 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација порастот изнесува 20,6 проценти.
Според главните индустриски групи, производството во март бележи пораст кај Енергија за 16,2 отсто, Капитални производи за 36,1 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 26,9 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 13,6 отсто.
Пад на индустриското производство има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 18,5 проценти.
Можеби ќе ве интересира
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра




