05 Декември, 2025
0.0314

Раст на инфлацијата во Хрватска, највисок по кризната 2008-ма

Објавено во: Балкан, Економија 17 Октомври, 2012 07:44

Добивај вести на Viber

Според последните податоци на Државниот завод за статистика , во Хрватска има пораст на потрошувачките цени во септември за дури 5%  на годишно ниво (или 4,0% во август), што е највисока стапка на раст од октомври 2008 година,  додека на месечно ниво порастот е 1,4%. Растот на потрошувачките цени е резултат на повисоки цени за енергија и храна. Во потрошувачката кошница индексот на цените на храна, домување, вода, електрика, гас и други горива опфаќа за повеќе од 42 проценти. Потрошувачките цени со исклучок на енергијата се зголемени за 2,9% на годишно ниво, а ако од индексот се тргнат и цените на храната, тогач зголемувањето изнесува 1,5 отсто. Во делот на цените на храната, најголемо поскапување има кај  овошјето (18,2 отсто) и зеленчукот (25,1 отсто), што веројатно се должи на сушниот период. Во категоријата домување, вода, електрика, гас и други горива годишна стапка на раст на потрошувачките цени е малку интензивирана во август или 13,5 отсто, со удел од вкупниот индекс од 15,7%.  Во оваа категорија на висока годишна стапка на раст има во цените на електричната енергија (22,1 отсто) и природниот  гас (30,5 отсто), додека  годишната стапка на раст за електрична енергија е иста како во август, додека цените на бензинот растат. Растат цените и на снабдувањето со вода 3,7 проценти и канализација 7 проценти. На месечно ниво,за растот на потрошувачките цени најмногу придонесува поскапувањето на  облеката и обувките за 11,2 отсто, што е вообичаен сезонски трендо. Зголемувањето на стапката на ДДВ, поскапувањето на електрична енергија и гасот и повисоки цени на прехранбените производи ќе се одразат на годишната стапка на раст на потрошувачките цени. До крајот на годината, аналитичарите очекуваат поскапување на греењето, со што и годишната стапка на раст може да биде поголема од предвидената.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

Косово ќе отвори фабрика за муниција до крајот на 2026 година

Косово ќе отвори фабрика за муниција до крајот на 2026 година