Добивај вести на Viber
Според податоците на Државниот завод за статистика, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар за септември се повисоки за 2,2 % на месечно ниво и за 6,3 % на годишно ниво.
Во споредба со август, цените се повисоки во групата Енергија за 4,5 отсто, во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,6 отсто, во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 0,4 отсто и во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 0,1 отсто.
Во септември 2012, во споредба со септември 2011, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата Енергија за 14,1 отсто, во групата Трајни производи за широка потрошувачка за шест отсто и во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,9 отсто.