05 Декември, 2025
0.0706

Растат приходите од туризам во Бугарија, Македонците меѓу најбројните туристи

Објавено во: Балкан 06 Март, 2013 16:45

Добивај вести на Viber

Приходите од туризмот во Бугарија во првите девет месеци лани изнесуваат 2,5 милијарди евра, што е двапати повеќе од истиот период претходната година. Бугарија е позната по зимски и летен туризам. Главни зимски центри се Банско на 180 км далеку од Софија, Боровец на 60 км и Пампорово на 240 км од главниот град на Бугарија. Што се однесува до летниот туризам, целиот брег на бугарскиот дел на Црно море е претворено во повеќе летувалишта, како Сончев брег, Златни песоци, Албена, градовите музеи Несебар и Созопол, морската престолнина на Бугарија, Варна потоа Приморско, Поморје... Според анализата на Ал Џезеира, во Бугарија забрзано се развиваат и селскиот, верскиот и спа туризмот. Ова го предвидува основниот официјален документ во Бугарија за поттик на туристичката индустрија на оваа земја , односно Националната стратегија за ордржлив развој на туризмот за периодот од 2009 до 2013 година. Таа одредува визија, стратешки цели, приоритети и специфични цели, задачи, активности и проекти, кои ќе придонесат за промоција на одржливите развојни планови и управување со туристичките активности во оваа земја. Грците, Романците и Германците со најмногу посети во Бугарија Според податоците на Министерството за економија, енергетика и туризам, од јануари до октомври 2012 година Бугарија ја посетиле 5.985.815 странски државјани, што е за 3% повеќе од истиот период во 2011 година. Најголем број туристи доаѓаат од Грција 822.233, следат Романците 807.104, Германците 631.014, Русите 570.528... Од државјаните на земјите од Западен Балкан прво место го заземаат Македонците 332.081, кои се на петто место на вкупната листа на посетители, по што следат Србите (10 место) 230.593 чии посети забележуваат раст од 10 отсто во споредба со 2011 година. Словенците го заземаат 31 место на листата со 17.265 посетители. Хрватите се на 35 место со 12,245 посетители, додека државјаните на Босна и Херцеговина оствариле само 9.453 посети и го заземаат 40 место на листата, со тоа што нивните посети сепак забележуваат раст од 16 отсто во споредба со 2011 година. Реализираниот приход од туризмот во Бугарија од јануари до септември 2012 година изнесува 2,546 милијарди евра што е 2% повеќе од истиот период во 2011 година. Бугарите најмногу патувале туристички во Македонија Во 2012 година најголем број Бугари ја посетија Македонија 301.197, потоа Србија 252.835, Словенија 4.714, Хрватска 3.098. Во Црна Гора престојувале 636 Бугари, додека Босна и Херцеговина не е на списокот на првите 50 земји. Претставниците на Министерството објавија дека само 468 Бугари ја посетиле Босна и Херцеговина во 2012 година, што значи дека и покрај тоа е забележан раст од 82,1 отсто во споредба со 2011 година, а според последните податоци во текот на 2012 година.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии