19 Декември, 2025
0.5721

Расте бројот на татковци кои користат породилно отсуство во Шведска

Објавено во: Свет 25 Јануари, 2013 10:51

Добивај вести на Viber

Користењето на бонусот за рамноправност за брачни парови во Шведска, кога тие го делат меѓу себе користењето на породилното отсуство, четирикратно е зголемено минатата година во споредба со 2011-та. Според официјалните податоци, во 2012 година 150 илјади шведски родители ја делеле буџетската ставка ослободена од данок во вкупен износ од 219 милиони шведски круни (околу 25 милиони евра).

Шведските татковци лани искористиле 24,4 отсто од деновите предвидени за родителско отсуство, а што претставува пораст од 0,7 отсто во споредба со 2011 година.

Ако овој пораст продолжи со ист такт, должината на користењето на породилното отсуство би можела да се изедначи меѓу двајцата родители во 2037 година, јавија шведските медиуми.

Швеѓаните важат за многу практични, па во случај кога жената има повисока плата и кариера, тогаш мажот е оној кој остнува дома за да го чува бебето.

Според законската регулатива, таткото во Шведска има право на половина од предвидениот период за родителско отсуство. Родителите вкупно имаат право на 480 слободни денови, а што значи дека на секој родител му следуваат 240 денови. Должината на родителско отсуство од работно место во Шведска вкупно може да трае 1,5 години.

Можеби ќе ве интересира

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците