Добивај вести на Viber
FXLider, специјано на читателите на Фактор, им подарува 50 евра како почетен капитал за тргување со цената на акциите на Apple и другите најголеми светски компании на светската берза.
Земете 50 евра и тргувајте на единствената берза на која можете да заработите и кога цените растат но и кога цените на акциите опаѓаат.
Земете 50 евра за тргување овде.
Apple неодамна го објави својот извештај за работењето во вториот квартал, кој покажа прилично јаки резултати особено кога станува збор за заработката која ги надмина очекувањата на економистите, иако приходот беше малку понизок од очекуваниот. iPhone е најголемата причина за добрата заработка, бидејќи побарувачката за сите три модели оствари значаен раст. Сепак, продажбата на iPad и понатаму не ги исполнува плановите, а најмногу на пазарите во земјите во развој.
„Кварталниот приход порасна за 6% ,на 37.40 милијарди долари, додека кварталниот нето приход порасна за 12% на 7.7 милијарди долари. Заработката по акција порасна за 20% на годишно ниво со помош на неодамешниот откуп на акции“, вели м-р Никола Димков, сениор експерт во FXLider.
iPhone и понатаму е убедливо најважен производ кој според некои анализи чини околу половина од вредноста на компанијата. Во текот на овој квартал Apple испорача околу 35 милиони iPhone телефони, што е околу 12.7% повеќе во однос на истиот квартал минатата година, иако растот на приходите беше понизок од околу 9%, најверојатно поради големиот избор на телефони од пониската класа. Кога се во прашање земјите во развој како што е Бразил, Русија, Индија и Кина работењето и понатаму продолжува да се подобрува, а испораката во овие земија порасна за околу 55% на годишно ниво. Се претпоставува дека пазарот во Кина значително зајакна со вкупен раст на приходот од 28% во однос на претходната година. Продажбата на iPhone порасна дупло повеќе во однос на продажбата на другите смарт телефони. Сепак, во Јапонија која во последните неколку квартали беше пазар со најбрз раст, намалена е продажбата поради растот на данокот на додадена вредност и некоја промена на правните регулативи кога се во прашање мобилните оператори.
Прогресивното распоредување на wireless межата по новите градови во Кина е еден од клучните причини кој доведе до раст на продажбата. Откако 4G се повеќе се пробива на пазарот во Кина (моментално опфака повеќе од 1% претплатници), големите произведувачи како што е Apple можат да очекуваат зголемување на идни клиенти, а со тоа и побарувачка за нови модели на iPhone за кои се зборува дека ќе имаат поголем екран. До сега Apple не произведуваше смарт телефони со голем екран и љубителите на овој произведувач со нетрпение го очекуваат новиот производ. Со оваа иновација Apple би можел да смета и на дел од пазарот кој досега го држеше Samsung само поради тоа што ја користи разликата на поголеми екрани.
„Во последните две недели откако се објавени кварталните податоци па се до денес, цената на акцијата на Apple порасна за 9%. Покрај позитивните очекувања за идната продажба, на растот на цената на акциите на Applе исто така ќе влијае и одлуката на управниот одбор, значително да ја зголеми програмата за враќање на капиталот на акционерите“, вели м-р Никола Димов од FXLider.
Се очекува дека оваа програма до крајот на 2015 година ќе достигне вкупна сума од 130 милијарди долари во готовина. Покрај тоа, Одборот одобри и зголемување на кварталните дивиденди за околу 8%. Компанијата исто така планира да ги зголеми и годишните дивиденди. Со 11 милијарди долари кои ги исплаќа секоја година, Apple е една од компаниите со најголема годишна исплата на дивиденди во светот.