Добивај вести на Viber
Уште 7,5 милијарди евра ќе бидат потребни за реализацијата на гасоводот "Јужен поток", проценуваат од "Газпром". Причината за зголемувањето на цената од 50% се санкциите наметнати против Русија.
Поради санкциите наметнати од САД и ЕУ, заемот на капитал, од кој "Газпром" не може да се откаже за да се изгради проектот поскапе. "Гаспром" веќе настрада од ограничувањата - не успеа да најде 520 милиони долари за изградба на нов хемиски комплекс во Нови Уренгои, коментираат финансиски аналитичари.
Досега пресметките покажуваа дека цената на "Јужен поток" е околу 16 милијарди евра, но од гасниот гигант коментираат дека ова е само проценета цена која може да трпи корекции.
Дека ќе има промена во прелиминарните пресметки, стана јасно уште при потпишувањето на договорот за изградба на објект во Србија. Тогаш беше објавено дека ќе бидат потребни 2,1 милијарди евра за реализација на проектот во Србија. Прелиминарните проценки беа за пониска вредност.
Новите пресметки на "Газпром" покажуваат дека цената на "Јужен поток" веќе е 23,5 милијарди евра, при што 14 милијарди евра ќе чини само морскиот дел на трасата (досегашната цена беше 10 милијарди евра). Изградбата на гасоводот во сушата ќе чини веќе 9,5 милијарди евра.
При првите планови за изградба на новите цевки за испорака на руски гас во Европа од "Гаспром" се именуваше вредност на проектот од 25 милијарди евра. Потоа директорот на гасниот гигант Алексеј Милер "одеднаш ја симна цената до 8,6 милијарди евра".
Руските експерти ја наведуваат уште и неподготвеноста на ЕУ да го признае "Јужен поток" како приоритетен проект за заедницата, како и кризата во односите меѓу Русија и Украина. Досега "Гаспром" не може да ги договори со Брисел условите според кои ќе функционира гасоводот.
Од средината на јуни Киев не добива природен гас директно од "Газпром" поради акумулирани обврски. Двете земји се уште не можат да се разберат за нивната големина.
Стравувањата се дека во таква ситуација може да биде повторена кризата од почетокот на 2009 година, кога Москва ја обвини Украина дека за делот од снабдувањето, наменет за европските клиенти на "Гаспром" и застана целиот проток за Европа до разјаснување на ситуацијата.
К.К.