Расте ДДВ-то во Словенија
Објавено во: Балкан 09 Мај, 2013 18:51
Од 1 јули расте Данокот на додадена вредност (ДДВ) во Словенија. Владата одлучи да го зголеми овој данок за два проценти, односно на 22% во рамките на националната стабилизациска програма, изјави словенечкиот премиер Аленка Братушек.
Таа истакна дека сега се водат преговори со синдикатите за планираните намалувања на платите во буџетскиот сектор, а кабинетот не планира да воведе нов кризен данок на платите.
„Вкупната вредност на словенечките антикризни мерки изнесува околу една милијарда евра“, истакна министерот за финансии Урош Чуфер.
Според премиерот годинава буџетскиот дефицит ќе достигне 7,8 проценти од бруто домашниот производ.
Владата на Словенија потврди дека забрзано работи на програма со мерки со што ќе треба да се спречи интервенцијата на ЕУ за покривање на неливидноста во домашната економија и во словенечкиот банкарски сектор. Според планот, што ќе и биде даден на увид на Европската комисија во Брисел, се предвидува освен зголемување на даноците и реформирање на банкарскиот систем во земјата и поширока приватизација.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





