28 Септември, 2024
0.0266

Расте економијата на моќната Швајцарија

Објавено во: Анализа 30 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Реалниот бруто домашниот производ (БДП) на Швајцарија се зголеми побрзо во периодот јануари-март во однос на претходниот квартал, покажаа најновите податоци на швајцарската статистичка служба. Швајцарската економија се прошири за 0,5 отсто, забрзувајки го растот спрема постигнатата стапка на раст од 0,2% во последниот квартал на 2013 година, пренесува WBP Online. Измерен на годишна основа, БДП во првиот квартал порасна за 2%, што е значително над просекот за еврозоната. Врз основа на силната стапка на продолжување наспрема една година порано, аналитичарите очекуваат дека економијата на Швајцарија ќе продолжи со подемот, совладувајќи го успешно доцнењето од крајот на 2013 година. Според пролетната економска прогноза на Европската комисија (ЕК) најнискот раст на Швајцарија во четвртиот квартал на 2013 година стана факт поради неповолниот развој на нето трговскиот биланс, поттикнат од силниот раст на увозот. Приватната потрошувачка во првите три месеци од годинава порасна за 0,1 % во однос на претходниот квартал . Истовремено владините трошоци се намалија за 0,8 отсто во споредба со претходниот квартал. Податоците покажаа уште дека извозот на стоки се зголеми за 2 % во текот на кварталот, додека увозот е намален за 0,8 отсто. "Швајцарската економија се уште е во добра форма и покрај влошената конкурентност, слабиот раст на продуктивноста и монетарните услови, кои беа под рамнотежно ниво во последните неколку години", посочија од ЕК на 5 мај. "Нормализацијата на глобалните финансиски услови и постојаното намалување на притисокот врз швајцарскиот франк ќе придонесат за оние извозници кои се соочуваат со повисока еластичност на надворешната побарувачка. Помалиот притисок ќе обезбеди не само дополнителна поддршка за трговскиот биланс преку извозот, туку исто и преку влијанието врз увозот ", велат од Брисел. К.К.