19 Декември, 2025
0.0913

Расте интересот на француските компании за Македонија

Објавено во: Економија 16 Мај, 2013 20:10

Добивај вести на Viber

Владини претставници заедно со оние од бизнис заедницата во Македонија и Франција учествуваа на првиот Француско-македонски бизнис форум кој го организира Француската амбасада во Македонија со поддршка на францускиот регионален економски сервис

Според француската амбасадорка Лоренс Оер, целта на форумот е охрабрување на економската соработка помеѓу двете земји, но и воспоставување контакти и размена на знаење за можностите за отворање нови пазари.

„Француската амбасада нема претензии ниту намера да и кажува на бизнис заедницата како да води бизнис, тоа не е наша улога. Ние сме, исто така, совршено свесни за нашиот дел  од пазарот - а тоа е дека Франција е скромен трговски партнер овде во Македонија. Но, француските компании имаат компетенции и искуство што може да биде од интерес за Македонија во контекс на нејзината евроинтеграција“, посочи амбасадорката Оер.

Таа истакна дека има неколку француски компании кои активно се присутни во Македонија веќе подолг период како „Publicis“, но и компании кои се дојдени во земјава во последната година две како што се „Lactalis“,  „Mr Bricolage“ и „Карфур“, но и „Сосиете Женерал-Охридска банка“ како најголема француска приватна инвестиција во Македонија од 2007 година.

За Филип Шатињо претседател на  регионалната канцеларија на француското Министерство за финансии, Форумот е одлична можност за стекнување нови бизнис контакти и партнери. Тој посочи дека расте интересот во Франција за Македонија, а  како доказ го посочи и фактот што три големи француски компании од областа на инфраструктурата и транспортот беа дел од Форумот.

„Овие компании носат многу идеи за развој на нови проекти со македонски партнери при што би се искористиле француски фондови, фондови од ЕУ или од меѓународни институции како Светска банка. Сметам дека е вистинско време да започнеме структурен дијалог меѓу Франција и Македонија  во која било економска област или да поттикнеме подобра трговска размена во соработка и со регионални партнери“, рече Шатињо.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар