05 Декември, 2025
0.0351

Расте јазот меѓу генерациите, што им оставаат возрасните на младите во Европа?

Објавено во: Анализа 24 Август, 2013 10:09

Добивај вести на Viber

Во Европа постојат различни поделби, Северот против Југот, земјите од периферијата на еврозоната против оние во центарот, Истокот против Западот. Но фокусот сега почнува да се поместува на поделбите меѓу помладата и постарата генерација, кои се продлабочуваат поради кризата. Според податоците на Евростат кон крајот на мај младинската невработеност во еврозоната е 24%, или 3,5 милиони лица, додека вкупниот процент невработени е 12,2%. Повеќе од половина млади во Грција и Шпанија се без работа. Песимистичките прогнози за младинските вработување во Европа ја влошуваат поделбата меѓу  родените по 1980 година и родените во периодот на бејби бумот по крајот на Втората светска војна. „Младите страдаат, бидејќи не можат да најдат работа. За нив тоа е понижувачки. Тие ги обвинуваат постарите за проблемите со економијата и невработеноста ", коментира за CNBC, Хауард Арчер, економист во IHS Global Insight. Политичарите се исто така загрижени. Германскиот канцелар Ангела Меркел ја опиша младинската невработеност како „најтешкиот проблем за Европа". Тензиите меѓу млади и стари има и кога станува збор за станови, пензии и образование. Според истражувањето спроведено во 30 европски земји, младите луѓе се оние кои се чувствуваат дискриминирани во однос на годините, а не постарите луѓе. Европското социјално истражување (The European Social Survey) ја одредува возрасната дискриминација како штетна за Европа и покажа дека најчувствителни на тема возраст се младите луѓе во Велика Британија, Ирска и скандинавските земји. Рори Фитџералд, директор на Европското социјално истражување, изјави дека за разлика од постарите лица кои веќе зборуваат за големината на пензии, на младите луѓе дури и не им “текнува“ за тоа. Младите сфаќаат дека возрасните можеле да си купат полесно живеалиште или земјиште и на тој начин имаат стекнато богатство. Според некои аналитичари ова не е само спротиставување на една возрасна група со друга, туку резултат од неуспехот на владите и нивните политики кои се разочарани од помладата генерација. Незадоволството на младите кои протестираат во погодените од кризата земји од еврозоната, не е насочено кон постарите луѓе. Тие навредуваат дека грешките се во политичарите кои ја направиле нивната иднина неизвесна.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени