05 Јануари, 2025
0.0263

РАСТИТЕЛНИ МАСЛА, ШЕЌЕР, МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ: Што се случува со цените на храната во светот?

Објавено во: Економија 03 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Поевтинела храната во светот во декември лани. 

Цените на храната имаат благо намалување во декември 2024 година, со значително поевтинување на шеќерот и стабилни цени на житарките, објави Агенцијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО). На годишно ниво, во 2024 година, цените на храната се намалија за 2,1 отсто. 

Цените на шеќерот се намалија за 5,1 отсто во декември, благодарение на подобрените прогнози за жетвата кај најголемите производители. Во споредба со декември 2023 година, шеќерот е поевтин за 10,6 отсто. 

Цените на млекото и млечните производи се намалија за 0,7 отсто во декември, прв пат од април, поради пониска побарувачка за путер и акумулирани залихи. Во однос на декември претходната година, цените се повисоки за 17 отсто. 

Цените на житарките останаа стабилни во декември, но на годишно ниво се за 13,3 отсто пониски. Цените на растителните масла се намалија за 0,5 отсто во декември, но во текот на 2024 година тие беа за 9,4 отсто повисоки од 2023 година.

Кај месото има мало зголемување на цените од 0,4 отсто во декември, додека на годишно ниво цените се зголемени за 7,1 отсто. 

Во ноември лани имаше поскапување на повеќе намирници во светски рамки. 

foto freepik.com/ azerbaijan_stockers

Можеби ќе ве интересира

ОТКАКО УКРАИНА ГО ЗАПРЕ ТРАНЗИТОТ НА РУСКИОТ ГАС: Турција нуди енергетска поддршка на Европа

ОТКАКО УКРАИНА ГО ЗАПРЕ ТРАНЗИТОТ НА РУСКИОТ ГАС: Турција нуди енергетска поддршка на Европа

САД, ГЕРМАНИЈА, ИТАЛИЈА: Кои десет земји складираа најмногу злато?

САД, ГЕРМАНИЈА, ИТАЛИЈА: Кои десет земји складираа најмногу злато?

И ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО ЕУ РАБОТАТ: Во некои земји од задоволство, во други поради потреба од финансии

И ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО ЕУ РАБОТАТ: Во некои земји од задоволство, во други поради потреба од финансии

„НЕ МОЖЕ ГЕРМАНИЈА ДА ОТПУШТА 70.000 РАБОТНИЦИ, А КАЈ НАС СЀ ДА БИДЕ ТАМАН“ - Вучиќ за отказите во автомобилската индустрија во Србија

„НЕ МОЖЕ ГЕРМАНИЈА ДА ОТПУШТА 70.000 РАБОТНИЦИ, А КАЈ НАС СЀ ДА БИДЕ ТАМАН“ - Вучиќ за отказите во автомобилската индустрија во Србија

ОВА И ПОНАТАМУ Е НАЈБАРАНОТО ЗАНИМАЊЕ ВО ХРВАТСКА - нема промени веќе една година

ОВА И ПОНАТАМУ Е НАЈБАРАНОТО ЗАНИМАЊЕ ВО ХРВАТСКА - нема промени веќе една година

НОВИ ПРАВИЛА ЗА ОНИЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ГРЦИЈА - од оваа година ќе се плаќаат повисоки такси, некаде ќе се движат и до 20 евра

НОВИ ПРАВИЛА ЗА ОНИЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ГРЦИЈА - од оваа година ќе се плаќаат повисоки такси, некаде ќе се движат и до 20 евра

ПРОИЗВОДИТЕЛИ, ДОБАВУВАЧИ, ТРГОВЦИ - ВНИМАВАЈТЕ: Дојде времето на казни, нефер трговските практики ќе се казнуваат и до 20 илјади евра

ПРОИЗВОДИТЕЛИ, ДОБАВУВАЧИ, ТРГОВЦИ - ВНИМАВАЈТЕ: Дојде времето на казни, нефер трговските практики ќе се казнуваат и до 20 илјади евра

СРПСКАТА НАФТЕНА ИНДУСТРИЈА НА УДАР: САД ќе воведат сеопфатни санкции за НИС

СРПСКАТА НАФТЕНА ИНДУСТРИЈА НА УДАР: САД ќе воведат сеопфатни санкции за НИС

КОЛКУ ЧИНИ СРЕЌАТА ВО ГЕРМАНИЈА? - според нова студија, еве колку треба да заработувате за да бидете среќни

КОЛКУ ЧИНИ СРЕЌАТА ВО ГЕРМАНИЈА? - според нова студија, еве колку треба да заработувате за да бидете среќни