РАЗБИЕНА ГРУПА ФАЛСИФИКАТОРИ: Уапсени пет лица за скимирање на платежни картички
Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2016
Скопското обвинителство за отганизиран криминал покрена денес истрага против пет македонски државјани поради сомнение дека краделе податоци од банкомати и изработувале лажни платежни картички.
Тие лажни платежни картички, според Обвинителството, подоцна се употребувани во земјава и странстбо.
Осомничените Обивинителството за организирал криминал ги гони за направени кривични дела перење пари, изработка и употреба на лажни платежни картички и за злостроничко здружување.
Обвинителот кој го води овој случај во скопскиот кривичен суд од судија на претходна постапка побарал на четворица осомничени да им се одреди притовр, а на петтиот да му се ограничи движењето и да му се одземе пасошот.