18 Декември, 2025
0.0367

РАЗЛИКИ МЕЃУ ДЕЛТА СОЈОТ И ОБИЧНИОТ КОРОНА ВИРУС: Делта е поотпорен и на високи температури од претходните варијанти

Објавено во: Балкан 02 Јули, 2021 10:44

Добивај вести на Viber

По појавата на делта варијантата во регионот, експертите од областа на епидемиологијата и вирусологијата веќе ги анализираат сите разлики меѓу двојниот мутант и првичната варијанта на корона вирусот. Појаснуваат дека на удар се повеќе младите луѓе кои од разни причини не се вакцинирани, а пред се во голем дел од земјите, поради недостаток на вакцини, се уштре не дошле на ред да се заштитат со одредена вакцина.

Српскиот вирусолог, д-р Тања Јовановиќ, како гостин во дневникот на РТС, изјави променетата делта варијантата на вирусот е позаразна, полесно се шири, а ги напаѓа и помладите луѓе, и дава клиничка слика што е малку променета во споредба со претходни соеви.

- Вирусот се менува и она што е специфично е тоа што е поотпорен на повисоки температури во споредба со другите варијанти. Обично се јавува кај помлади луѓе и дава слика на многу силна настинка, можеби нема симптоми на губење на мирис и вкус, но може да доведе до тешка форма за која е потребна хоспитализација - рече Јовановиќ, нагласувајќи дека симптомите вклучуваат кивање, болно грло, главоболка. Лицата од Србија кај кои е откриен делта, не биле вакцинирани. Доколку патувате, вакцинирајте се за да немате проблеми и за да не се случи да внесете нова варијанта на вирусот во земјата, апелира д-р Јовановиќ.

Ситевакцини, како што вели таа, се многу ефикасни и обезбедуваат многу висока заштита од новиот вид на корона вирсот.

- Мислам дека вирусот ќе продолжи да се менува и дека ќе мора да примиме ревидирана вакцина, бидејќи сите вакцини се направени за варијантата од Вухан. Новите варијанти се загрижувачки, тие делумно влијаат на ефикасноста на терапијата и малку на ефикасноста на вакцината. Сигурна сум дека ќе мора да направиме сезонска вакцина против Ковид-19, потенцира Јовановиќ.


Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен