01 Јули, 2024
0.0265

Разнесениот магацин во Тианџин содржел стотици тони натриум цијанид

Објавено во: Свет 16 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Разнесениот магацин во Тианџин содржел стотици тони натриум цијанид, соопшти висок кинески воен офицер.

Ова е првото признание на властите за присуство на силно токсични хемикалии во магацинот, кој беше уништен од експлозиите.

Бројот на загинатите во инцидентот достигна 112 лица.

Во меѓувреме, по непотврдени информации, цитирани од весникот „Гардијан“, во индустриската зона се складирани 700 тони натриум цијанид - 70 пати над дозволеното количество. Хемиско загадување е регистрирано и надвор од зоната на инцидентот и се преземаат мерки тоа да не се шири уште повеќе, објавија властите.

„Одливот на врнежливи и отпадни води од зоната на инцидентот се блокирани со цемент, за да се осигура дека водите надвор погодената област и оние во Боханското Море се безбедни. Зоната на експлозијата ќе биде изолирана со бетонски саркофаг, за да се спречи одливот на дождовницата“, коментирал Бао Цзинлин, од страна на Бирото за заштита на животната средина.

Претседателот на Кина, Си Дзинпин ги повикал властите да ги подобрат мерките за безбедност и да ги „научат лекциите за кои е платено со крв“.

Мала е веројатноста за преживеани меѓу исчезнатите во експлозијата

95 луѓе остануваат исчезнати, четири дена по експлозиите. 85 од нив се пожарникари. Роднините на исчезнатите се собраа пред зградата на општината во Тианџин и побараа информации за исчезнатите и своите блиски.

Сурнамед Леи, татко на исчезнал пожарникар, изјавил дека „Поминаа неколку дена, а јас не знам дали мојот син е жив или не. Владата не ни дава никаква информација. И на телевизија не велат ништо. Сакаме да ја прашаме зашто, што се случило со нив“.

Во исто време началникот на Пекинг и воениот округ генерал Ши Луцзе коментира дека веројатноста спасувачите да најдат други преживеани на местото на експлозиите е многу мала.

„На сите места до кои може човек да дојде, нашите војници хемичари веќе се инфилтрираа. Таму, каде што пристапот е затворен и таму направиле проверка. Веројатноста да се најдат преживеани е мала, наскоро ќе ги наоѓаме загинатите“, додал тој.

Можеби ќе ве интересира

Израел по седум месеци го ослободи директорот на најголемата болница во Газа

Израел по седум месеци го ослободи директорот на најголемата болница во Газа

КОЈА Е ЖЕНАТА КОЈА ГО ПОБЕДИ МАКРОН? Доживеала траума како дете, го протерала сопствениот татко - ова е целата вистина за Ле Пен

КОЈА Е ЖЕНАТА КОЈА ГО ПОБЕДИ МАКРОН? Доживеала траума како дете, го протерала сопствениот татко - ова е целата вистина за Ле Пен

ФРАНЦИЈА: Ле Пен освои најмногу гласови во првиот круг од изборите, Макрон на третото место

ФРАНЦИЈА: Ле Пен освои најмногу гласови во првиот круг од изборите, Макрон на третото место

MAСОВНА ИЗЛЕЗНОСТ ВО ФРАНЦИЈА: До 17 часот гласале 59,39 отсто од гласачите, што е најголема излезност од 1978 година

MAСОВНА ИЗЛЕЗНОСТ ВО ФРАНЦИЈА: До 17 часот гласале 59,39 отсто од гласачите, што е најголема излезност од 1978 година

(ВИДЕО) ПОЖАРИ ВО ТУРЦИЈА: Евакуирани се туристи, но и локалното население

(ВИДЕО) ПОЖАРИ ВО ТУРЦИЈА: Евакуирани се туристи, но и локалното население

ОВА НЕ Е ТУРИЗАМ, ОВА Е ИНВАЗИЈА: Жителите на шпанскиот град Малага излегоа на протест

ОВА НЕ Е ТУРИЗАМ, ОВА Е ИНВАЗИЈА: Жителите на шпанскиот град Малага излегоа на протест

(ВИДЕО) ИМА ИСЧЕЗНАТИ: Oбилни дождови ја погодија Швајцарија

(ВИДЕО) ИМА ИСЧЕЗНАТИ: Oбилни дождови ја погодија Швајцарија

БЕРБОК СЕ ПРАВДАШЕ: Mесечно троши повеќе од десет илјади евра на фризери и шминкери

БЕРБОК СЕ ПРАВДАШЕ: Mесечно троши повеќе од десет илјади евра на фризери и шминкери

Ако сакавте да живеете во Италија, сега е моментот: Нудат 30 илјади евра за преселба во Тоскана

Ако сакавте да живеете во Италија, сега е моментот: Нудат 30 илјади евра за преселба во Тоскана