16 Јануари, 2025
0.0280

Разработена шема: место фирми, физички лица градат и продаваат станови за да избегнат големи давачки?!

Објавено во: Македонија 12 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Од вкупно 2.794 издадени градежни дозволи минатата година, дури 1.769 се дадени на инвеститори - физички лица за да градат објекти од високоградба. За истата намена за цела година лани се издадени само 329 градежни дозволи на деловни субјекти. Државната статистика пресметала дека предвидената вредност за околу 4.000 станови, колку што според издадените одобренија за градба би требало да изградат инвеститорите-физички лица, изнесувала близу 200 милиони евра. Анализирајќи ги бројките, се доаѓа до заклучок дека во градежниот бизнис може да се заработи многу пари и без да се регистрира фирма. Ваквата ситуација им задава вистинска мака на градежните компании бидејќи се соочуваат со нелојална конкуренција. Дури и кога Владата го намали ДДВ-то за продажба на станови во 2009 година од 18% на 5%, цените на становите не се намалија драстично бидејќи градежните компании со разликата покрија дел од загубите што ги трпат од физичките лица кои градат и продаваат станови, а не се ДДВ обврзници. Физичко лице годишно продава и по 100 станови Познавачите објаснуваат дека постои разработена шема според која физичките лица во улога на инвеститори градат станови. Дозволата за градење станбена зграда ( во многу случаи се води како семејна куќа на 4 ката ), на свое име ја добива сопственикот на земјиштето. Како физичко лице, тој нема право на поврат на влезниот ДДВ, а градежната фирма која ја гради зградата вградува градежни материјали купени на црно за кои не плаќа ДДВ. Во многу случаи се најмуваат и подизведувачи кои работат нелегално и со работници за кои не се плаќаат никакви давачки. По завршување на изградбата, сите имотни листови се водат на едно име. Продавачот на станови склучува купопродажен договор со станарите и при таа трансакција плаќа само 3% данок на промет на недвижности. Ако становите би ги продавал како правно лице, тогаш се пресметува ДДВ од 5% за секој новопродаден стан. Се случува едно лице да продаде и до 100 станови во една година. Со оглед дека станува збор за продажба на недвижности, што вредат повеќе десетици илјади евра, разликата од 2% му носи на продавачот голема добивка. Дел од познавачите на состојбите во градежништвото, коментираат дека причината зошто во земјава доминираат физичките лица како инвеститори е и можноста на тој начин да се легализираат пари стекнати од криминални активности, кои не може да се појават како капитал на фирма бидејќи ќе треба некако да се пријават.   С.Н

Можеби ќе ве интересира

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина