Разузнавачот Богоевски носител на Коалицијата за промени и правда
Објавено во: Македонија 10 Ноември, 2016
Коалицијата за промени и правда составена од Демократскиот сојуз, ФРОДЕМ, МОРО Работничката партија и ДЕМОС на конвенцијата наречена „Не грижете се, режимот паѓа“ ја објави кандидатската листа за пратеници, на која најголемо изненадување е разузнавачот Слободан Богоевски кој ќе биде носител во четвртата изборна единица.
За носители на пратеничките листи на Коалицијата за промени и правда се одбрани Павле Трајанов од ДС во првата единица, потоа Јове Кекеновски од ФРОДЕМ во втората изборна единица, тројката ќе ја предводи Весна Стојменовска, во петтата Александар Делов и шеската ќе ја предводи Бранко Мајсторовски.
Коалицијата најави дека целосните листи на кандидатите за пратеници ќе ги достави до медиумите утре.
Интересно е што и внукот на Слободан, Павле Богоевски се најде на пратеничките листи иако не е носител се наоѓа на место кое речиси сигурно му обезбедува место во новиот парламентарен состав.