Разузнавањето предупредило за нападот на „Исламска држава“ во Турција
Објавено во: Балкан 21 Јули, 2015 10:39
Турските безбедносни сили неколкупати биле предупредени за седум џихадисти од „Исламска држава“, кои илегално престојуваат во Турција и планирале смртоносни напади врз цели во земјата.
Националното разузнавање во Турција ги информирало силите за безбедност за можни напади од страна на членовите на „Исламска држава“ на 22 јуни и 3 јули, објави „Хуриет“.
Информациите ги вклучувале имињата на седум членови на терористичката група, вклучувајќи и три жени.
По предупредувањето на разузнавањето, полицијата презела операции против „Исламска држава“ во неколку градови, вклучувајќи ги Истанбул, Анкара, Санлиурфа, Коња и Измир. Приведени биле вкупно 97 лица.
Сепак за време на акциите безбедносните сили не успеале да стигнат до засегнатите седум џихадисти.
Потсетуваме дека вчера најмалку 30 лица загинаа во напад во турскиот град Суруч, кој се наоѓа до сириската граница, а над 100 лица се повредени. Турскиот премиер Ахмет Давутоглу соопштил дека според првите елементи од истрагата терористичкиот напад е извршен од „Исламска држава“.
Експертите за безбедност велат дека со нападот џихадистите испратиле порака до владата да престане со операциите против членовите на групата.
„Ако продолжите со операциите, ќе бидете следна цел“ е нивната порака, коментира експерт. Според него, фактот дека операциите на Турција против „Исламска држава“ се во пораст и меѓу причините за стратешките напади.
Нападот предизвика спонтани протести против насилството врз Курдите во цела Турција. Илјадници луѓе се собрале во Истанбул, објавија германските медиуми.
Иако протестот бил мирен, некои луге искажале претпоставки дека владата има дослух со напаѓачите. На крајот полицијата ги растерала демонстрантите со солзавец и водени топови.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




