Реакција од кабинетот на Филипче: Мицкоски е непрецизен математичар, договорите за набавка на вакцини се доверливи
Објавено во: Македонија 05 Мај, 2021
Исплатите кои Министерство за здравство ги врши се транспарентни и објавени на страницата на отворени финансии. Tоа што Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ денеска, го споделил пред медиумите, претставувајќи го како афера, или документ до кој дошол, е достапен податок на секој граѓанин кој би ја отворил страницата на open.finance.gov.mk, одговорија од Министерството за здравство на наводите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за исплатите за Синофарм вакцините. Тој тврди дека кон фирма посредник Сабри интернационал, Министерството за здравство во февруари годинава исплатило 7,8 милиони евра за 60 отсто од вкупна набавка на 200.000 дози кинески вакцини, сума за која после се тврдеше дека е вратена во буџетот. Мицкоски вели дека по оваа свифт уплата испаѓа дека една доза требало да чини 65 долари.
„Министерството за здравство уште од самиот почеток за време на водење на преговорите, набавката и текот на испорака на вакцините, транспаренто ги информира граѓаните за целиот процес. За законитоста на целиот процес, говори самиот факт што договорите, како и плаќањата на сите набавени вакцини поминуваат на затворена седница на Влада. Ова доволно кажува колку процесот за купување вакцини е законски, без никакви недоследности или пак провизии кои ги измислува ВМРО ДПМНЕ. Колку за потсетување на јавноста, ВМРО ДПМНЕ во март пласираше фалсификуван документ, тврдејќи дека Министерството за здравство на 21 јануари, платило 12,5 милиони евра за набавка на вакцини, а денеска со документ испринтан од сајтот на отворени финасии каде се сите исплати на МЗ тврди дека Министерството во февруари, платило 7,8 милиони евра за вакцини. Многу непрецизно за еден прецизен математичар како што милува да каже за себе претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски, велат од Министерството за здравство.
Додаваат дека многу пати досега информирале дека клучен сегмент од договорите за набавка на вакцините против Ковид 19 е тоа што секоја држава па и нашата се обврзува на доверливост на склучените договори и примените информации.
„Сумите за набавка на вакцините против Ковид 19 се деловна тајна на производителите и нашата земја се обврзува да го почитува тоа, бидејќи во спротивно нема да бидеме во можност да купиме вакцини. Убедени сме дека манипулативните политики на Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ имаат една единствена цел да фрлат дамка на еден транспарентен процес и се обидуваат да наштетат на процесот на имунизација. Партијата на Мицкоски во серијата измислици и за вакцините набавени преку Ковакс механизмот ги лажеа граѓаните дека биле донации, велат од Министерството.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.