РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ: Приходите намалени близу 50 милиони евра
Објавено во: Економија 29 Јули, 2016 18:20
Со жестоки дебати и негодувања ребалансот на буџетот го помина собранискиот филтер.
Пратениците од власта сами го скроија ребалансот при што од државната каса вкупните приходи ги намалија за 49 милиони евра.
Не останаа „имуни“ ни расходите , кои со ребалансот се намалија за 45 милиони евра, додека пак буџетскиот дефицит се зголеми на 34 милиони евра.
Опозициските пратеници не гласаа за овој ребаланс поради еврообврзницата, а според нив таа е издадена незаконски.
Со ребалансот на буџетот, за годинава се кратат парите наменети за капиталните инвестиции, субвенции и трансфери, како и за набавка на стоки и услуги. Но, се предвидува зголемување на сумите наменти за социјални трансфери и за плати и надоместоци. Задолжувањата ќе прододолжат, но со засилено темпо на странските пазари, а намалено на домашен терен.
Можеби ќе ве интересира
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?




