РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ: Власта и опозицијата пак во кавга!
Објавено во: Економија 28 Јули, 2016 09:48
Уште два дена имаат пратениците во однос на расправата за ребалансот на буџетот.
И во текот на вчерашната расправа и власта и опозиционерите ги судрија ставовите. Едните тврдат дека буџетот е издржан, другите пак велат дека е антиекономски
Од Социјалдемократскиот сојуз обвинија дека ребалансот на Буџетот е антиекономски и антиразвоен..Ја обвинија владата за осиромашување на граѓаните и дека крати на основните потреби, притоа продолжувајќи да се задолжува.
„Го најавувате како развоен сега од овој ребаланс гледаме , дека буџетот се сведува само на исплати на плати, пензии и надоместоци, нешто што им е загарантирано на граѓаните со Закон. Ова власт крати на основните потреби и продолжува уште да ги осиромашува граѓаните“, изјави Милева Георгиева од СДСМ.
Пратениците од власта пак истакнаа дека ребалансот е издржан и посочија на бројни реализирани проекти и активности кои се во тек, а кои се во насока на подобрување на животот на граѓаните.
„Еве за патната инфраструктура, да ги видиме фактите кој направи повеќе, ВМРРО-ДПМНЕ или СДСМ кога беше на власт.Доаѓате од Радоивиш за да стигнете до таму имате нов пат. Од Скопје до Велес темелно реконструиран пат, од Велес до Штип, имате нов експресен пат, а од Кадрифаково до Штип со полна пареа се гради автопатот“, рече Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.
И партијата на Мендух Тачи не го поддржува ребалансот. Од ДПА велат дека со него се скратени проекти кои се однесуваат на албанското население.
Од Министерството за финансии одговараат дека со предлог ребалансот на Буџетот ниту еден капитален проект не е скратен.
Од Министерството ги наведуваат проектите во кои се вложува како автопати, гасификација, болници, училишта, ученички и студентски домови, за рурален развој. Според Министерството за финансии и со ребалансот, капиталните инвестиции остануваат на историски највисоко ниво. За кратењето на средствата за Државната изборна комисија, надлежните објаснуваат дека кога се правел Буџетот за 2016 година и кога беше усвоен во Собрание, во Изборниот законик имаше датум за избори, но тие на два пати беа откажани. Ако се закажат по трет пат избори ќе се обезбедат средства за спроведување на истите, додаваат од Министерството за финансии. Дали ќе имаат време пратениците да ги искажат ставовите за два дена, имајќи предвид дека 60 пратеници треба да ги положат аргументите, засега е неизвесна судбината на ребалансот на буџетот.Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




