23 Ноември, 2024
0.0281

РЕЦЕПТ ЗА УСПЕХ: Постојан развој - совршена кариера!

Објавено во: Економија 08 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Активното управување со личната кариера подразбира да се биде во тек со најновите случувања во својата струка, но без дополнителна едукација, денес никој не може да биде професионалец. 

Едукаторите на Нова Консалтинг и Едукација говорат за неопходноста од постојан развој за постигнување на континуирани успеси.

Она што ја дополнува вредноста на едукативниот сектор на Нова Консалтинг, според анализите направени преку испитување на мислењето на повеќе од 2.000 индивидуалци кои досега посетувале обука во Нова, е богатото искуство на предавачите.

Тие, инаку докажани даночни советници и овластени ревизори, и самите за време на обуките имаат за цел да го пренесат не само наставниот материјал, туку и сопствениот стремеж за личен развој.

 “Она што сме го научиле за време на конвенционалните студии е само темел врз кој допрва треба да се градат циглите. Градењето на нашата личност се чини дека е исто како градење куќа. Знењето стекнато на факултет се нашите цврсти темели, но она што ќе не изгради во личностите кои сакаме да бидеме, е контиунираното надоградување на тоа знаење. Мисијата на Нова Консалтинг е да воспостави нови стандарди во процесот на едукацијата и унапредувањето на знаењето и вештините на човековите ресурси, а нејзина цел е да го задржи местото на водечка компанија во оваа област” вели Кристина Тилиќ, основач и предавач во Нова консалтинг.

СО НОВА КОНСАЛТИНГ ДО ПОДОБРА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА

Многубројните слушатели на Нова Консалтинг зборуваат за бенефитите со кои се стекнале преку посета на тренинг центарот.

“Благодарение на вештините на едукаторот и презентер, госпоѓа Кристина Тилиќ, она што е вообичаено плод и резултат на еден макотрпен и долг процес на учење, таа ни помогна да го совладаме во период од два месеци. Во овој период ги совладавме основите на даноците и стекнавме алатки и вештини за следење, читање и контрола на финансиските извештаи, со тоа поместувајќи го тежиштето од формалното и документирано книжење на сметководствени настани кон она што претставува суштина на самото сметководтсво преку поглед во деталите на истото. Не се сомневам дека допринесот од оваа обука ќе биде видлив во многу брзо време и дека ќе се врати како дополнителна валоризирана вредност на мојата компанија.” вели Давче Насевски финансов менаџер на АД Стрмош.

“Почитувана Кристина, чуствувам потреба да напишам свој коментар во врска со обуката до Вас лично. Чест ми е што ве запознав и што учев од Вас, и со нетрпение ја очекувам следната соработка. Конфучие кажал: Во сите нешта успехот зависи од претходната подготовка. Без подготовка, пропаста ни е сигурна.  Јас, како почетник во сметководството, решив подготовката да ја стекнам во Нова Консалтинг односно да учам од Вас. И не погрешив. Часовите беа проследени со практични примери, а  Вие на едноставен начин несебично се трудевте да ни го пренесете своето знаење. Сето тоа многу ми помогна брзо да го совладам наставниот материјал и да почнам самостојно да ги извршувам моите работни задачи. И сега по завршувањрто на обуката со гордост ќе кажам дека сум една од учениците на Кристина Тилиќ,и со нетрпение ја очекувам следната обука“. Јасмина Китановска, дипл.економист, Сметководител во Нет Електроникс.

“Во Нова Консалтинг секој има можност да учите од од врвни предавачи кои имаат огромно искуство и богата работна кариера и професионал пристап. Предавањата: малку теорија, многу практични примери и проекти, одличен концепт за совладување на материјата, посебен пристап кон секој учесник на обуката. Професорката е секогаш отворениа за соработка, консултации, и поседува трпение, способност и умешност во пренесување на заењето. Задоволство е да се учи од најдобрите.“ вели Сашка Димитриевска, дипломиран економист, финансов менаџер /сметководител на Голден АРТ Скопје.

За „Нова Консалтинг“ дознав преку препорака на пријател, професионалец во дејноста на делување на тренинг центари. Искрено сум изненаден од постигнатиот ефект. Уште од првиот момент имате чувство дека нешто сте научиле. Поминав неколку години како дел од тимот на еден од големите универзитети во Македонија и многу добро ја разбирам реченицата „ученикот да си отиде со знаењето дома“. Во мојот случај „на работа“. Искрено спојот на огромниот број на практични часови поминати во разработка на примери со искуството и отвореноста на предавачот според мене е тоа што ја полни училницата во „Нова Консалтинг“ Славко Гавриловски, м-р на економски науки, Финансов менаџер, ОГРИ ДООЕЛ Скопје.

“Како прво, би сакал да го нагласам самиот концепт на работа: преку чести вежби (што за дома, што за на час) едноставно нема изговор за мрзливци. Начинот на предавање: стручен во секој поглед, дисциплина, ред и одлична организиција. Предавањето секогаш поткрепено со примери од пракса, но и секогаш оставјќи простор за размислување. Од аспект на дружење, добивме нешто што не очекувавме: нови пријатели, за кое што веројатно и сами како група придонесовме. За крај, доколку треба да дадам оценка 1-10, повеќе од заслужена 10-ка. На македонски би значело „алал нека Ви се парите! „  вели Милан Пеловски, дипломиран економист.

“Условите во кои се работи секако ги надминаа моите очекувања, одлични се! Начинот и темпото на  презентирање на материјата се исто така компелтно избалансирани. Можеби фали уште некој час или пак мене така ми се чини заради убавите навики и прекрасното дружењето за време на часови. Со завршување на обуката се стекнавме со познавања од сметководството и финансиите кои се неопходни без разлика на секторот во кој работиме. Секако, покрај наученото, ќе ги паметам и колегите и нашата најдобра teacher Кристина!  Вели Верица Тодорова, дипл.економист Finance & Commercial Coordinator, Facility Management Services.

“Предавачите на Нова Консалтинг се професионалци со извонреден однос кон слушателите/ посетителите, со соодветен пристап кон секој слушател/посетител, кој мотивира повеќе да “ барате знаење”, да навлезете повеќе во специфичниот проблем, да наоѓате повеќе решенија на еден проблем, едноставно да го сакате повеќе тоа што го работите. Тоа според мене, дефинитивно е резултат на спојот искуство и начин на пренесување на знаење и јас сум им многу благодарна за тоа”. Вели Драгица Шелдарова- Крстевска, Финансов раководител  на Наше такси.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria