10 Декември, 2024
0.0260

РЕЦЕПТОТ ГО ИМА „ГРАНИТ“: КАКО СЕ ПРАВАТ ПРИХОДИ ОД 87 МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку оствари чист профит градежниот гигант

Објавено во: Економија 03 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Одлична добивка од 2,1 милиони евра објави нашиот градежен гигант „Гранит“. Сосема солиден резултат на една од најстарите и најстабилни македонски компании, дотолку повеќе што станува збор за зголемување за 178 проценти во однос на претходната 2022 година.

Акционерското друштво ги објави овие резултати, кои се искажани во неревидираните консолидирани финансиски извештаи.

Она што го потенцира „Гранит“ во образложението на својот финансиски резултат е дека консолидираните финансиски извештаи за ланската година всушност го опфаќаат работењето на сите друштва кои се вклучени во консолидацијата, а кои говорат дека „Гранит“ поседува и силни бизниси и надвор од државата. 

Односно, тука всушност стануива збор за ГД Гранит АД Скопје, кое е е матичното друштво, потоа Хотел Гранит ДООЕЛ Охрид, кое компанијата го поседува 100 отсто, а 100 отсто ги поседува и следниве друштва: Карваш ДООЕЛ Скопје, Гранмак Виена гмбх, Гранмак експорт-импорт гмбх Германија, ГД Гранит ДОО Бања Лука БИХ и ГД Гранит Подружница Бања Лука.

Самата градежна компанија „Гранит“ лани главно работела на домашниот пазар, па затоа во делот на оперативните приходи најголемиот дел всушност отпаѓа на приходите од продажба на домашниот пазар, каде се остварени дури 83,3 милиони евра, и кои се за 10 проценти повисоки во однос на претходната 2022 година.

Всушност, остварените консолидирани вкупни приходи лани изнесуваат 86,6 милиони евра, и во споредба со остварените во истиот период 2022  година бележат зголемување за 6,2 отсто.

Оперативните расходи, пак, на „Гранит“ изнесувале 84,2 милиони евра, што е пораст за 4 проценти во однос на една година претходно.

Најголемата ставка тука се услугите со карактер на материјални трошоци, на износ од 40,8 милиони евра, што е зголемување за 16 отсто во однос на претходната година.

За плати и надоместоци на своите вработени компанијата лани платила 15 милиони евра, што е зголемување за 8 проценти, што покажува дека ова акционерско друштво се грижи и за благосостојбата на своите вработени и се ангажирало за зголемување на нивните плати.

Иако се мали како ставка, најголем пораст има кај останатите расходи, и тоа за 375 отсто.

Како што пишуваат од „Гранит“ во образложението, во ланската година друштвото оствари консолидирана добивка во износ од 2,07 милиони евра, што споредено  со истиот период 2022 година бележи зголемување за 176 проценти.

„Вкупната консолидирана сеопфатна добивка изнесува 411.376 илјади денари (6,7 милиони евра – н.з.), и е поголема од добивката пред се поради останатата сеопфатна добивка во износ од 284.259 илјади денари (4,6 милиони евра) која произлегува како резултат на нереализирана добивка од зголемување на пазарната вредност на портфолиото акции кои ги поседува Друштвото во 2023 година и курсни разлики од преведување на извештаите на странските друштва“, се вели во образложението од компанијата.  

Како што пред извесен период пишуваше Фактор, „Гранит“ во втората половина на 2017 година купи поголема количина акции во Комерцијална банка, но помалку од 5 отсто, поради што не можат да се видат на Централниот депозитар за хартии од вредност. Тогаш од акционерската структура на банката излезе шведски инвестициски фонд, а акции купија покрај „Гранит“, и Чифлиганец преку неговата компанија „Адора инженеринг“, Фатмир Етеми и „Макпетрол“. Акциите кои тогаш ги купија беа на цена пониска од 6.000 денари за акција, а сега последната цена на акцијата на Комерцијална банка е 18.270 денари за акција. Се смета дека ова е причината за зголемувањето на вкупната консолидирана добивка на градежниот гигант.

Инаку, компанијата лани направила големи инвестиции, и тоа 7,7 милиони евра, и со нив се набавени опрема и механизација потребни за работењето.

„Постоечката криза во Украина со Русија, енергетска криза со значајното зголемување на цените на главните енергенси и материјали (струја, гас, нафта, железо), нестабилноста на цените како и стапката на инфлација  имаат и сеуште ќе имаат влијание врз светската економија, а следствено на тоа и врз македонската економија во наредниот период. Влијанијата ќе имаат ефект посебно врз зголемување и нестабилност на цените на одредени суровини и материјали, енергија а преку тоа и врз крајните цени на многу производи. Друштвото континуирано ги следи движењата и се прилагодува на состојбите на пазарот“, се вели во очекувањата на компанијата за наредниот период, дадени во нејзиното образложение за финансиските резултати.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МФ: Усвоен Буџетот за 2025 година – инвестициите во фокусот за забрзување на растот

МФ: Усвоен Буџетот за 2025 година – инвестициите во фокусот за забрзување на растот

„ТЕЖИ“ НАД 6.5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Собранието го усвои дополнетиот државен буџет за догодина

„ТЕЖИ“ НАД 6.5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Собранието го усвои дополнетиот државен буџет за догодина

MИТЕВА: Владата донесе одлука - нема да има зголемување на платите на функционерите

MИТЕВА: Владата донесе одлука - нема да има зголемување на платите на функционерите

ЌЕ ОТВОРАТ 200 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА: Швајцарската „ДМ Бау АГ“ ќе инвестира во зоната кај Куманово

ЌЕ ОТВОРАТ 200 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА: Швајцарската „ДМ Бау АГ“ ќе инвестира во зоната кај Куманово

АКО САКАТЕ ДА СТАВАТЕ ГОРИВО, ПОЧЕКАЈТЕ: Нови цени од утре

АКО САКАТЕ ДА СТАВАТЕ ГОРИВО, ПОЧЕКАЈТЕ: Нови цени од утре

Модернизација на мрежата на МЕПСО: Со поддршка на ЕБОР, Македонија поставува основа за паметна енергетска мрежа

Модернизација на мрежата на МЕПСО: Со поддршка на ЕБОР, Македонија поставува основа за паметна енергетска мрежа

Нова ера на унгарско-американската соработка во областа на напредните технологии

Нова ера на унгарско-американската соработка во областа на напредните технологии

Николовски: Зголемена наплата на приходи од увоз на цигари

Николовски: Зголемена наплата на приходи од увоз на цигари

РИПНАЛЕ ТРОШОЦИТЕ НА ЖИВОТ: Еве каде има најголеми поскапувања

РИПНАЛЕ ТРОШОЦИТЕ НА ЖИВОТ: Еве каде има најголеми поскапувања