Редовен авиопревозник е повеќе од потребен, дали таа идеја е реалност или фикција?
Објавено во: Анализа 19 Јули, 2014 09:39
„Во времето на војните низ СФРЈ, нашата компанија беше таа која ги пренесуваше војниците од разгорените воени жаришта. За време на ембаргото домашната авиокомпанија беше таа која играше една од главните улоги. Денес, кога гледаме голем дел е сконцентрирано на развој на турзмот, доколку имавме свој редовоен авиопревозник ќе можевме многу да профитираме. Особено сега кога гледаме дека во нашите туристички центри доаѓаат голем број на холанѓани“, вели Чачкиров. Дополнително, објаснува тој домашната компанија исто така има услови и за развој на карго пренос. Исто така ќе се форсира домашната воздухопловна власт, ќе обучуваме, развиваме кадри, итн..., додава Чачкиров.
Јавно приватно партнерство и избор на добар менаџмент - рецепт за успешен редовен авиопревозник
Лично се залагам за модел на Јавно приватно партнерство, основање на компанија, а потоа и избор на добар менаџмент кој ќе раководи со компанијата, смета Чачкиров.
„Нема потреба од странски консултант кој ќе го испитува пазарот. Ние ги знаеме бројките исто така и која е најпрофитабилната дестинација. Знаеме дека Цирих е најрентабилната дестинација од Скопје. Потребна е стратегија, која досега ја немавме. Ако имавме стратегија немаше да раскинуваме билатерални договори. Токму затоа велам, дека за успешна компанија потребен е добар менаџмент кој ќе знае како“, додава Чачкиров.
Проста математика - минимум 90 милиони евра може да се свртат со домашна компанија
Со мудар менаџмент земјава може многу да постигне со свој редовен авиопревозник. Нов авион може да се откупи со лизинг, според информациите еден голем авион (големина на Боинг 737, не зборуваме за нискобуџетни) може да се купи за 70, 80, 90 милиони долари. Но, сепак грубите пресметки покажуваат дека инвестицијата може да се врати. Податоците говорат дека на македонските аеродроми годинава ќе поминат повеќе од 1 милион патници, под претпоставка 300 илјади да летаат со домашниот авиопревозник и да платат бруто околу 300 евра билет, тоа значи дека минимум 90 милиони евра ќе се свртат во земјава.
Концесионерот на аеродромите „ТАВ“ сугерира на редовен авиопревозник
Растот на македонските аеродроми ќе продолжи, на аеродромот „Александар Велики“ оваа година се очекува да поминат повеќе 1 милион патници. За Скопје да стане регионален јазол за поврзување на летови, државата мора да формира национален авиопревозник, изјави во мај годинава главниот извршен директор на ТАВ Холдинг, Сани Шенер. Поволната географска положба мора да се искористи, додал тој.
Годишно од Македонија се одлеваат околу 150 милиони евра за авиопревоз
Авијацијата е скап бизнис велат познавачите, годишно од Македонија се одлеваат околу 150 милиони евра за авиопревоз. Наместо поддршка за национален авиопревозник, Владата изминатиов период се одлучи за моделот на субвенционирање нискобуџетни компании, за што од буџетот во изминатите три години потроши повеќе од пет милиони евра. Сега, Владата одлучи првиот чекор кој ќе се направи е ангажирање на консултант за разгледување на можноста за редовен авиопревозник.
„Во овој момент не станува збор за одлука дека ќе привлечеме авиопревозник, туку одлука да ангажираме професионален стручен консултант да направи едно сериозно истражување и да и го презентира на Владата, по што Владата ќе оцени дали тоа и се исплаќа финасиски или не“, изјави премиерот Никола Груевски.
Последен национален авиопревозник во Македонија беше компанијата МАТ, која отиде во стечај во 2009 година.
Р.Ф
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





