Референдум: Ќе гради ли Бугарија втора нуклеарна централа?
Објавено во: Балкан 24 Јануари, 2013 10:15
Со Референдум кој е закажан за во недела Бугарија ќе одлучи дали земјата има потреба од нова нуклеарна централа. Според последните анкети за јавното мислење, мнозинството граѓани ќе ја поддржат изградбата на втората нуклеарна централа во земјата.
Референдумот се однесува на обновување на проектот врзан со нуклеарната централа Белене, во северниот дел на земјата. Проектот е во застој поради недоразбирања меѓу Бугарија и Русија, чија компанија „Атомстројекспорт“ требаше да изгради нуклеарна централа со капацитет од 2.000 мегавати. Спорот се однесува на конечната цена на проектот, кој пак се очекува да изнесува меѓу 6 и 11 милијарди евра. Бугарскиот премиер Бојко Борисов, со цел да најде нов инвеститор, го раскина договорот со руската компанија, која за отштета од 1.3 милијарди долари се обрати до Меѓународниот суд за арбитража во Париз. Се очекува мала излезност на референдумот, што може да го стави под прашање кредибилитетот на гласањето, а според анкетите меѓу 60 и 62 проценти од гласачите ќе го дадат својот глас за изградба на нуклеарна централа, наспроти 38 до 40 проценти кои се против ваквата идеја.Доколку 20 проценит од граѓаните излезат на референдум и над половина од нив се изразат за изградба на нуклеарна централа, бугарскиот парламент ќе треба во рок од три месеци да го разгледа ова прашање.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





