29 Септември, 2024
0.0288

Реформите во образованието и вреднувањето во работата на наставниците

Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Една од забелешките кои беа изнесени на панел дискусијата на тема: „Стручен кадар по мерка на бизнис заедницата“, што ја организираше Стопанската комора на Македонија, во насока на обезбедување на квалитетно стручно образование и обука беше потребата од квалитетен наставен кадар за реализација на образовните програми и вреднување на неговата работа. Наставникот има има клучна улога во животот на учениците и влијае на иднината на општеството во целост. Според тоа, врвен приоритет на државата треба да биде привлекување на најдобрите наставници во професијата што, пред се`, зависи од висината на платата, можностите за кариерен развој и работните услови.

Висината на вкупната исплатена просечна нето-плата во образованието изнесува околу 23.448 денари, додека висината на вкупната исплатена просечна нето-плата за последната, 2018 година, во нашата држава, според официјалните податоци од Државниот завод за статистика, изнесува 24.276 денари. Но реалната нето исплатена плата на наставниците во основно образование изнесува 21.669 денари или 394 сад долари, во средното изнесува 24.504 денари или 445 САД долари и во високото 34.438 денари или 626 САД долари.

Доколку направиме споредба со Словенија, како земја, слична по образовниот систем со нашата, и Финска, со најдобар образовен систем, во Словенија, каде постои систем на наградување согласно работното искуство, наставниците со помало работно искуство од 15 години, заработуваат во просек 28.823 САД долари годишно (податоци од ОЕЦД) или 2.402 САД долари месечно. Наставниците со над 15 години работно искуство, земаат зголемена плата, и тоа 38.808 САД долари годишно или 3.234 САД долари месечно во основно образование и 40.351 САД долари годишно или 3.363 САД долари месечно за наставниците во средно образование. Споредувајќи со ОЕЦД просеците на плати, се добива податок дека платите на наставниците се под соодветните просеци од 36.900 САД долари за наставниците во основно образование, 40.600 САД долари за наставниците во средно образование и 42.800 САД долари за наставниците во високото образование, но разликата во однос на нашата земја е премногу очигледна, што влијае на мотивацијата за работа на наставниците.

Наставничката професија во Финска е ценета професија и платите на наставниците се конкурентни во споредба со другите професии . Годишната нето-плата (податоци од ОЕЦД), која се исплаќа врз основа на работното искуство, за наставниците во основно образование изнесува 33.408 САД долари или 2.784 САД долари месечно, 36.081 САД долари или 3.007 САД долари месечно за наставниците од нижо средно образование (според Меѓународната стандардна класификација на образованието, ИСЦЕД 2011 ) и 38.261 САД долари годишно или 3.188 САД долари месечно за наставниците од средно образование. Над 15 години работно искуство, наставниците заработуваат повеќе и тоа 40.991 САД долари годишно или 3.416 САД долари месечно за наставниците во основно образование и 44.271 САД долари годишно или 3.689 САД долари месечно за наставниците во нижо средно образование и 47.789 САД долари годишно или 3.982 САД долари месечно за наставниците во средно образование . Споредено со нето-платата на наставниците во нашата држава по образовни сектори, очигледна е големата разлика со надоместокот на финските наставници.

Освен платата, единствени дополнителни средства, кои наставникот може да ги добие се средствата доколку прифати да биде ментор [1] и/или раководител на паралелка (одделенски раководител). За улогата на ментор, наставникот добива 2.914 денари во основно училиште и 3.042 денари во средно училиште, а за раководител на паралелка 1.400 денари во основно и 1.480 денари во средно училиште.

Овие податоци укажуваат на фактот дека доколку државата сака да има квалитетни и посветени наставници треба да се насочи кон соодветно вреднување на трудот на наставниците со зголемување на платата преку промена на системот на вреднување на работата на наставниците, што подразбира, покрај подготовката и реализацијата на наставниот процес, да се вреднува какви вештини и компетенции стекнал ученикот и промоцијата што ја прават за училиштето.

И на крај, со право можеме да кажеме: Професијата наставник има една од најодговорните улоги во државата во создавање на здрава, стручна и образована единка, а тоа повлекува да биде една од најпочитуваните професии. Зголемувањето на платата на наставниците (но повеќе од 5%) ќе поттикне квалитетно вложување на наставниците во нивната работа, а не насоченост кон подобра материјална состојба. Ниските примања на наставниците предизвикуваат професијата да не биде доволно ценета во однос на другите професии во државата.

м-р Наташа Јаневска, самостоен советник
во Стопанската комора на Македонија


Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“