РЕФОРМСКИ ЗАКОНИ: Од утре ВМРО-ДПМНЕ се враќа во Собранието, до тогаш законите ќе почекаат
Објавено во: Македонија 10 Април, 2018
Од утре опозицијата се враќа во Собранието на РМ, па поради тоа седниците на кои денеска требаше да се гласа за дел од реформските закони, се поместени за во четврток.
Денеска требаше да се гласа за измените на Законот за заштита на сведоци во скратена постапка и да се расправа за измените на Законот за судови. Одложенa е и седницата на која требаше да се разгледуваaт Законот за јавното обвинителство и Законот за кривична постапка.
Според пратениците од парламентарното мнозинство овие закони биле договорени со ВМРО-ДПМНЕ. Пратеничката група на оваа партија од утре се враќа во Собрание со интерпелација за Владата на Зоран Заев. Седницата за гласање на доверба на Владата е закажана за 11 часот.