Добивај вести на Viber
Италијанската компанија „Текнохосе“ го почна производството во фабриката во Македонија лоцирана во Бунарџик. Може ли оваа инвестиција да го подобри вкупното инвестициско портфолио на земјата. Ако се суди според статистиката тешко. Заклучно со јули, вкупните директни инвестиции изнесуваат 99,2 милиони евра или во споредба со лани, кога нивото изнесуваше 207,2 милиони евра, сега има целосно преполовување на странските директни инвестиции. Анализата на “ Фактор “ покажува дека во последните пет години најслаба инвестициска година беше 2009 та , а сега судејќи според темпото на влез на странски инвестиции, и 2012 та е на чекор до инвестициско “ фијаско “ .
ВРЕДНОСТ НА СТРАНСКИ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ
- 2007 506,0 милиони евра
- 2008 399,9 милиони евра
- 2009 145,0 милиони евра
- 2010 159,1 милиони евра
- 2011 303,5 милиони евра
- 2012 ( I-VII) 99,2 милиони евра
Но, денеска, при промоцијата на новата инвестиција од пет милиони евра со 50 вработувања, премиерот Никола Груевски навести оптимизам.
-
Работите во Македонија се движат во добра насока. Ова е јасен сигнал до сите идни инвеститори дека Македонија е стабилна земја со квалитетни економски политики, изјави Груевски, изразувајќи уверување дека таквите сигнали ќе стигнат до што е можно повеќе компании и многу инвеститори ќе ги следат чекорите на компаниите кои веќе инвестираа во Македонија.
Сега во слободната економска зона произведуваат четири фабрики, а уште неколку се градат и се очекува да почнат со работа. Овие инвестиции, како што рече премиерот, ќе донесат неколку илјади вработувања и се од исклучителна важност за Македонија. Груевски потсети на најновиот извештај на Светската банка „Дуинг бизнис 2013“ во кој Македонија, според премиерот останала лидер во регионот за водење бизнис, а ја спомена и потврдата за кредитниот рејтинг од страна на агенцијата Фич. Според податоците од Дирекцијата за Слободни Економски Зони во сите зони низ Македонија, веќе се присутни 9 компании.
“Во моментов во трите економски зони се присутни овие инвеститори : Џонсон Контролс – Македонија , Џонсон Контролс- Штип , Џонсон Мети, Кемет Електроникс, Текнохозе , Протект Груп, ВанХол, Мадерсон Груп и Фибер , и сите тие заедно носат инвестиции од 200 милиони евра. Од овие планирани и очекувани инвестиции – до сега се реализирани 140 милиони евра. Во отворените фабрики работат 1 150 лица , но се очекува бројот на вработени во овие капацитети да се зголеми на 3 500 луѓе“ велат за ФАКТОР од Дирекцијата за слободни Зони. Извозот само од ТИРЗ Скопје 1 лани претставуал 16,3% од вкупниот извоз на земјава.
Ова се разбира не се бројки за занемарување, но дека Македонија е далеку од економски тигар на Балканот, говори статистиката, според која Македонија, по кризната 2009 та ја живее најтешката економска година. Експертите веќе посочија дека анкетите од типот на Дуинг Бизнис не се доволни за да се измери инвестициската апсорпциона моќ на земјата. Таа во многу нешта зависи и од политичката клима, меѓуетничките релации, а Македонија во континуитет покажува дека е слаба при најмал политички потрес. Ако на тоа се додадат и хроничните болки на судството, корупцијата и административната слабост на институциите, станува јасно зошто земјата ја избегнуваат големите инвеститори, и зошто на отворањето на секоја мала фабрика, правиме големи фешти.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: