Регионален саем за вработување 2025 – најголемата онлајн платформа за регрутација во регионот - Најди работа во Србија, Хрватска, Босна и Македонија
Објавено во: Мои пари 01 Октомври, 2025 09:49
Од 14 до 21 октомври годинава ќе се одржи Регионалниот саем за вработување 2025, најголемиот онлајн настан за поврзување на работодавачи и кандидати во регионот.
Саемот ги обединува Македонија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина и овозможува компаниите на едно место да ги претстават своите работни позиции, бенефиции и организациска култура, а кандидатите да стапат во директна комуникација со потенцијалните работодавачи.
Веќе се пријавени голем број реномирани компании меѓу кои Alkaloid, NLB Banka, Lidl, Neptun, MaxBet, Fashion Group, FlexCredit, ProCredit Bank, Inditex, Amphenol, Transcom, dm, Gerresheimer, Sarantis, Valamar, Gemak, Lactalis, Реплек, Стопанска банка АД – Скопје.
Минатата година, Регионалниот саем за вработување привлече над 3.900.000 прегледи, 650.000 посети, 971 објавен оглас и повеќе од 65.000 апликации. На него учествуваа над 120 компании, што го прави еден од највлијателните формати за регрутација и Employer Branding во регионот.
„Регионалниот саем за вработување е повеќе од онлајн настан – тоа е платформа која создава реални можности и за компаниите и за кандидатите. Оваа година очекуваме уште поголема посета и уште повеќе работодавачи кои ќе ја препознаат важноста на саемот како стратегиски канал за градење на нивната репутација и за пронаоѓање врвни таленти,“ изјави Дарко Велков, генерален менаџер на Vrabotuvanje.com.mk.
Во текот на осум дена, компаниите-учесници ќе имаат сопствен виртуелен штанд, достапен 24/7, каде што ќе можат да објавуваат огласи, да прикачуваат видеа и фото-галерии, да презентираат бенефиции и да комуницираат со кандидатите преку чет или видеоинтервјуа.
Пријавувањето за учество е во тек преку официјалната страница на саемот
ПР објава* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





