19 Декември, 2025
0.1282

Регионот ќе се тресе од откривање на даночните затајувања

Објавено во: Економија 08 Април, 2013 13:37

Добивај вести на Viber

Меѓународната новинарска мрежа разоткри политичари и бизнисмени, меѓу кои и од Мекедонија, БиХ, Хрватска, Словенија и Србија, кои депонирале милијарди долари и евра на тајни сметки во даночните оази.

Според словенечкиот новинар и член на Меѓународната мрежа на новинари Блаж Згага, кој учествува во акцијата за глобално откривање на „затајувачите на данок“, објавувањето на податоците ќе предизвика потреси во регионот.

- Наскоро, кога ќе бидат објавени сите податоци, ќе се види дека нема земја чии граѓани не депонирале пари во даночните оази. Можам само да потврдам дека меѓу нив има граѓани на Словенија, Хрватска, Србија, БиХ и Македонија. Засега не можам да кажам повеќе детали, истакна Згага.

Тој нагласи дека во досегашните истражувања е дојдено до одреден број „затајувачи на данок“, кои работеле поврзано.

- Штетата изнесува милијарди долари кои се сокриени, наместо оние кои важат за некои од најбогатите луѓе да ги плаќаат даноците во матичните земји, додаде Згага, нагласувајќи дека во фокусот на истражувањето е идентификување на луѓето, а не трансакциите.

Со проектот за откривање на затајувачите на данок се опфатени 170 земји, а во истрагата, која траела 15 месеци, учествувале 86 новинари од 46 држави.

Можеби ќе ве интересира

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра