Реглинг: На Грција ќе и треба трет пакет за спас
Објавено во: Балкан 25 Септември, 2013 10:13
Грција е „најтешкиот случај“ меѓу земјите погодени од должничката криза и ќе и биде потребен трет пакет за спас, изјави првиот човек на Европскиот стабилизациски фонд, Клаус Реглинг.
Во обраќање пред Комисијата за економски и финансиски прашања на Европскиот парламент, Реглинг изјави дека по завршувањето на вториот пакет за спас, на Грција ќе и биде потребна дополнителна помош.
Како што оцени грчкиот весник „Етнос“, ваквата изјава на Реглинг противречи со ставот на раководителот на Европската централна банка, Маруио Драги, кој пред два дена рече дека засега е рано да прогнозира дали на Грција ќе и биде потребен трет пакет со помош.
Со двата досегашни пакет за спас на Грција и беа доделени позајмици во висина од 250 милјарди евра.
Реглинг оцени дека реален проблем со кој се соочува Грција е „бегството на компаниите“, но изтази надеж дека тој ќе биде надминат со подобрувањето на економската ситуација во земјата.
Според Реглинг, основа за нормализација на условите за финансирање на грчката економија треба да биде завршувањето на докапитализацијата на четирите најголеми банки во Грција.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




