05 Декември, 2025
0.0397

Регулаторите денеска ќе ја распарчат Топлификација по примерот на ЕСМ

Објавено во: Економија 28 Декември, 2012 08:40

Добивај вести на Viber

По примерот на ЕСМ која се подели на три дела, регулаторната комисија за енергетика утре најверојатно ќе го подели топлификацискиот бизнис. Откако Топлификација АД Скопје ги врати трите лиценци за производство, дистрибуција и снабдување, регулаторите денеска се очекува да ги додели лиценците за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија. Според информациите на Фактор регулаторите лиценцата за производство ќе ја дадат на државна компанија, која е практично фирма ќерка на ЕЛЕМ и МЕПСО, Топлификација ќе остане само со лиценца за дистрибуција, а руската компанија „Балкан енергџи ресури“ веројатно ќе раководи со делот снабдување со топлинска енергија. Само ЕЛЕМ и МЕПСО имаа финасиски капацитет за производство на топлинска енергија Според информациите на Фактор, државните електрани и МЕПСО биле единствените компании кои би ги имале 15 милиони евра како потребни обртни средства за набавка на природен гас или мазут, клучните енергенси од кои се произведува топлинска енергија. Токму поради овие причини регулаторите најверојатно ќе им ја доделат лиценцата за производство на топлинска енергија. Фирмата ќерка на ЕЛЕМ и МЕПСО веќе се во фаза на склучување договор за закуп на одредено време на топланите кои се во сопственост на А.Д. „Топлификација“. Топлификација само ќе дитрибуира топлина Топлификација АД Скопје која до сега ги извршуваше сите три дејности, производство, дистрибуција и снабдување, според нашите информации од 01 јануари 2013 година, најверојатно Топлификација АД Скопје ќе остане само со лиценца за дистрибуција на топлинска енергија. Русите ќе наплаќаат за парно Лиценцата за снабдување со топлинска енергија не е исклучено регулаторите да им ја доделат на руската компанија Балкан Енерџи ресурси кои практично ќе треба да ги снабдуваат корисниците на парно греење и да наплаќаат од граѓаните за потрошената топлинска енергија.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?