Реконструирана спортската сала во Велгошти, потрошени 23,6 милиони денари
Објавено во: Македонија 04 Март, 2013
Денеска беше предадена во употреба реконструираната спортска сала „Тодор Александров“ во охридското село Велгошти. По проблемите со документацијата и нерасчистените имотно-правни односи, Агенцијата за млади и спорт обезбеди соодветна документација по што следеше реновирање на запуштениот објект.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Лазар Поповски истакна дека салата е изградена според сите стандарди, особено во делот на опременоста. Во иднина во Велгошти ќе можат да се одржуваат не само часови по физичко за децата од населбата, туку и тренинзи, како и спортски натпревари.Реконструкцијата на салата во Велгошти започна на 21 септември. Вредноста за реконструкцијата, санацијата и адаптацијата на спортскиот објект изнесува 23,6 милиони денари, а финансиските средства Агенцијата за млади и спорт ги обезбеди преку Владата на Република Македонија, во рамки на проектот за изградба на 35 спортски сали.