Реконструкција на автопатот Велес – Катланово
Објавено во: Македонија 30 Август, 2013 11:40
Активности за рехабилитација ќе се спроведат на автопатската делница Велес-Катланово во должина од 23,5 километри. Повикот за градежните работи е објавен на официјалната интернет страница на Европската Унија, во рамки на ИПА компоненатата за регионален развој во делот транспорт.
Рокот за поднесување на понудите е 2 декември годинава, а периодот за изведба на градежните работи една година. Изведувачот што ќе биде избран треба да обезбеди рехабилитација согласно претходно подготвен основен проект, задоволувајќи ги техничките стандарди и барања за квалитет, како и критериумите од аспект на животната средина. Градежните работи ќе опфаќаат активности со кои ќе се рехабилитира и обнови коловозот и насипите, замена на сигнализацијата и обележувањето на патот, информираат од Министерството за транспорт.
Станува збор за целосна обнова на асфалтот по целата должина од делницата, поставување нови банкини и заштитници, поставена нова, современа хоризонтална и вертикална сигнализација, мрежи за заштита од одрони, како и рехабилитација на дренажите за атмосферска и подземна вода. Со тоа треба да се овозможи зголемување на безбедноста при патување, скратување на времето на патување, како и намалување на трошоците за одржување на возилата кои поминуваат по таа делница.
Во следните денови ќе биде објавен јавен повик и за избор на компанија која ќе го врши надзорот на градежните работи.
Минатата година беше рехабилитиран автопатот на правецот Катланово – Велес. На таа делница се изврши реконструкција која опфати обновување на асфалтот, поставување современа хоризонтална сигнализација, изработка на целосно нови банкини, мрежа за заштита од одрони и поставување на повеќе од 230 знаци во вертикалната сигнализација по целата должина на делницата.
Со реализацијата на овој проект, изградбата на автопатот Табановце-Кумановож, но и со изградбата на новата автопатска делница Демир Kапија – Смоквица, која е во тек, во наредните години низ Македонија ќе се протега модерен автопат, кој е дел од меѓународниот Коридор 10 во согласност со европските и светските стандарди, истакнуваат од Министерството за транспорт и врски.
До јавниот повик за градежните работи за рехабилитацијата на автопатот Велес-Катланово може да се пристапи преку линкот:http://ted.europa.eu/udl?uri=
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





