РЕКОРД: Скопје го напуштија 20.000 возила
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 04 Јуни, 2020
Огромен број на возила го напуштија Скопје попладнево пред да почне полицискиот час.
Од Јавното претпријатие за државни патишта за Фактор потврдуваат дека околу 20.000 возила денеска излегле од главниот град. Ова е податоците до 19 часот од наплатните рампи на патарините.
На излезот од Скопје кон Куманово кај Миладиновци поминале 7.407 возила, а на излезот кон Велес, на наплатната станица Петровец поминале 4.541 возила.
Од 21 часот на сила е полицискиот час, со цел да се спречи ширење на коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.